EX-YU ЕСТРАДА

СТИСКАЈТЕ ПАЛЦИ ВО НЕДЕЛА: Децата од „Дајте музика“ ќе настапат претпоследни на Јуниор Евросонг

today15/12/2021

Background
share close

Во Париз вчера беше извлечен редоследот по кој ќе пеат земјите-учеснички на годинешната Детска Евровизија. На фестивалот што ќе се одржи на 19 декември, Македонија ќе настапи претпоследна, осумнаесетта. Фестивалот ќе го отвори Германија, а последна ќе пее претставничката на Полска. На годинашниот Јуниор Евросонг ќе се натпреваруваат 19 земји. Како што е веќе познато, децата од мегапопуларната детска серија „Дајте Музика“ се избрани од МРТ да ја претставуваат Македонија. Песната се вика „Green forces“, а ќе ја изведуват Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“. За потсетување, оваа година 19. издание на Јуниорскиот Избор за Песна на Евровизија ќе се одржи на 19-ти декември во спектакуларната концертна сала „La Seine Musicale“, во градот на светлината, Париз, по победата која Валентина и ја донесе на Франција, а францускиот Национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма. Директен пренос ќе има на програмите на Македонската радио телевизија.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Предходни вести

EX-YU ЕСТРАДА

Звуци кои ја хранат македонската душа: Џељо Дестановски преку зурлата и кавалот ја „отпеа“ песната „Ој овчарче“ на Александар Сариевски! (ВИДЕО)

Ако со нешто треба да бидеме горди како народ, тоа е дефинитивно богатата музичка историја која ја имаме во изобилие. Особено важиме за народ кој со векови го негува својот фолклор и во рамки на него имаме илијадници песни кои се пеат и по многу векови од нивното создавање. Една од нив е познатата народна песна „Ој овчарче“ која пред многу години ја испеа легендарниот Александар Сариевски. Од тогаш па […]

today14/12/2021

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%