EX-YU ЕСТРАДА

Стенд ап шоу со Александар Перишиќ и Никола Тодороски во МКЦ

today20/12/2021 51

Background
share close

По повод светскиот ден на комедијата, Скопје Комеди организира Стенд ап дружење со Александар Перишиќ гостин од Белград и Никола Тодороски гостин од Канео.

Александар Перишиќ оваа година влегува во втора декада со занимавање со stand up комедија. Со многу настапи во сите поранешни ЈУ Републики, се смета за еден од пионерите на српската stand up сцена. Важи за еден од политички најНЕкоректните комичари, со посебен акцент на црниот хумор. Со комедија почнува да се занимава после десетина години соработка со театарот во неговиот роден град Краљево. Перишиќ е победник на првиот "open mic" оддржан во Белград во 2010 година, и таа вечер се случува пресвртница во неговиот живот и кариера. После неколку години се приклучува на сценаристичкиот тим на популарното ТВ шоу „Вечер со Иван Ивановиќ“ и станува панелист во истото шоу. Моментално го изведува своeto "one man show" – КОМПЛЕКСАНДАР и тематскиот стенд ап КАЈ БРЕ?! со колешката од Загреб – Марина Осраг. Настапувал на сите релевантни фестивали ширум регионот, а особена чест ни е што Скопје Комеди во соработка со охридската подружница го претставува на скопската публика. Вечерта ја отвора домаќинот Никола Тодороски, за кој не е потребна посебна најава. Дефинитивно најактивниот и највредниот комичар кај нас! Датумот е 17ти декември (петок), локацијата е прекрасниот МКЦ клуб & ресторан, влезници по цена од 400 денари можете да набавите преку продажната мрежа на МК Тикетс. *настанот ќе се одржи согласно важечките протоколи за организирање настани, капацитетот е строго ограничен, побразајте со набавка на својот билет на овој линк –> https://mktickets.mk/event/stand-up-an/ Или преку продажната мрежа на МК Тикетс: Скопје: Литература МК – Super Store – Skopje City Mall Литература МК – Буњаковец Литература МК – Веро Центар Литература МК – Улица Македонија Литература МК – ГТЦ Приземје Литература МК – Ramstore Mall Макпетрол – Козле Макпетрол – Порта Влае Макпетрол – Илинденска Југотон ГТЦ 1 Велес: Унисон Прилеп: ТА Бран Куманово: Тобако Агора Тетово: Гранд Тобако, Тобако Монако Гостивар: Тобако Вона Пет Охрид: ТА Вис Пој Битола: Литература МК Струмица: ТА Сафари, информира организаторот.

The post Стенд ап шоу со Александар Перишиќ и Никола Тодороски во МКЦ appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%