EX-YU ЕСТРАДА

Сопругата на Тома Здравковиќ: Беше вљубен во Силвана Арменулиќ бидејќи таа беше недостижна за него

today05/01/2022 1

Background
share close

По објавувањето и масовното прикажување на филмот „Тома“, животот на еден од најголемите боеми на Балканот, пејачот Тома Здравковиќ повторно е во центарот на вниманието на балканската јавност. Четвртата и последна сопруга на Тома, Гордана Гоца Здравковиќ, во емисијата „Џир са Мемом“ открива непознати моменти од животот на големиот пејач.

Имаше нешто во него што не можев ни сама да го сфатам. Имаше една линија на тага, емоции, можев само да ја почувствувам и не можам да објаснам што е тоа – вели Гоца за тоа што ја привлекло кон Тома.

Таа раскажува и за тоа како тие двајца ја почнале љубовната врска која подоцна ја крунисаа и со брак.

Еднаш го вратив од лекар и ми рече, од чистa мирa: „Зошто не се омажиш за мене?“. Јас велам: „Зошто би се омажила со тебе? Прво, ти си постар од мене, второ, имаш три брака зад себе, имаш дете, јас дури и не те сакам, ти воопшто не си мој тип“. Ме гледа и ми вели: „Ми се допаѓаш, само ти не го знаеш тоа – раскажува Гоца.

Таа искрено зборува и за врската што Здравковиќ ја имал со Силвана Арменулиќ, за која вели дека навистина имала големо место во животот на Тома.

Ми кажа за Силвана, дека е добар пријател со неа. Мислам дека имаше одредена врска помеѓу него и Силвана. Познавајќи го мојот сопруг, бидејќи тој беше од заљубљива природа, веројатно беше и вљубен во неа, бидејќи таа во тоа време беше недостижна за него. Се што во некои моменти беше недостижно за него, го претвораше во некои негови емоции, соништа, во некаква желба. Кога таа почина, тој беше навистина очаен. Не можеше да сфати дека ја нема. Тие навистина имаа една специфична врска. Во секој случај тоа беа огромни емоции – се присеќава Гордана Здравковиќ.

https://republika.mk/scena/estrada/ova-e-kjerkata-na-toma-zdravkovikj-zivee-vo-holandija-ima-dva-sina/

The post Сопругата на Тома Здравковиќ: Беше вљубен во Силвана Арменулиќ бидејќи таа беше недостижна за него appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Предходни вести

EX-YU ЕСТРАДА

Нејзината смрт го скрши Тома Здравковиќ: Силвана Арменулиќ загина во несреќа заедно со својата сестра

Легендарната пејачка Силвана Арменулиќ трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа пред 45 години, на 10 октомври 1976 година, на автопатот Белград-Ниш, кога се враќала од концерт. Заедно со неа починала и нејзината сестра Мирјана Барјактаревиќ, која била бремена и виолинистот Раде Јашаревиќ, додека третата сестра Дина Бајрактаревиќ Николиќ, како што еднаш рекла, за влакно ја избегнала смртта. Силвана имала 37 години кога починала. На социјалните мрежи се појави стара […]

today05/01/2022

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%