EX-YU ЕСТРАДА

Розга: Конечно ја имам песната што ја чекав 6 години (Видео)

today19/12/2021

Background
share close

Балкански познатата поп пејачка Јелена Розга е конечно среќна, поради тоа што, како што самата таа вели и се остварил сонот кој што го чекала 6 години. Таа неодамна сними дует со српскиот фолк пејач Саша Матиќ кој што е мајстор за балади. Таа во интервју по долгиот медиумски молк, проговорила за својата музичка кариера, за семејството, болеста поради која остана без тироидна жлезда… А што се однесува до новата соработка, Розга вели: „Морам да признаам дека плачев во првата секунда од слушањето на песната. Во таа секунда му реков на Саша: „Ова е нашата песна што ја чекаме седум години“. Прекрасно, допира до душата и срцето и сигурна сум дека ќе биде навистина голем хит“, изјави таа за медиумите. Веднаш по објавувањето на нивната заедничка песна, таа денес има 1,572,881 прегледи на YouTube за само четири дена, што значи дека кога Јелена Розга и Саша Матиќ ќе ги здружат силите и сласот, тука дефинитивно хитот е загарантиран.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%