EX-YU ЕСТРАДА

Родителите го дале Душко Тошиќ во дом, бидејќи живееле во тешка беда!

today13/01/2022 17

Background
share close

Откако, според српските медиуми, избила кавга меѓу Јелена Карлеуша и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ, во која тој наводно ја плукнал и ѝ удрил шлаканици, за што сведочеле нејзините најблиски роднини, фудбалерот бил сослушан во полициска станица. На многумина и понатаму не им е позната животната приказна познатиот фудбалер, кој како момче растел во дом поради сиромаштија, а во децените што му следувале создал голема кариера и станал милионер. Душко пораснал во Орловат, село во близина на Зрењанин. Но, родителите поради сиромаштија немале можност да му овозможат пристојно воспитување, па го испратиле во Дом на ученици. Таткото на Душко, Милорад, мислел дека е подобро неговиот син да живее таму, наместо во сиромаштијата на семејниот дом.

„Мојот Душко неколку години беше во интернат за да се школува и да игра фудбал, таму имаше редовни оброци, што е многу важно за дете во развој. Сега е многу успешен и ние сме многу горди на него. Тој го оствари својот сон – изјавил своевремено Милорад Тошиќ.

Инаку, Јелена и седум години помладиот Душко се во брак од јуни 2008 година и никој не им предвидуваше среќна иднина бидејќи Јелена веќе имаше статус на ѕвезда, додека Тошиќ само што ја започнуваше спортската кариера.

„Тој пораснал во дом бидејќи неговите родители биле многу сиромашни. Рано почнал да тренира фудбал во зрењански Пролетер. Тоа било неговото бегство од дома. На 16 години го купи ОФК Београд. Подоцна од неговите пријатели од ОФК Београд дознав дека собата во која живеел била излепена со мои постери. На крајот од баладата, тој се ожени со жената од постерот и со неа направи две деца. Тоа е прекрасна трогателна приказна“, открила во една прилика Карлеуша.

А, и детството на Душко било многу поразлично од детството на Јелена. „Душко имаше многу тешко детство. Неговите родители биле сиромашни, но чесни и добри луѓе. Бидејќи сакал да игра фудбал, татко му по завршувањето на основното училиште го однел во Зрењанин да учи, но и да игра фудбал. Одењето од мало село во град за него било остварување на сонот.

„Знаеше да им ги бакнува рацете на родителите кога ќе дојдеше дома бидејќи тие му ги исполнија желбите и го испратија во интернат. Не му беше тешко што живее во него со напуштени деца. Па што ќе се случеше со него да останеше во селото? Ништо“, искоментирал своевремено за српски „Курир“ извор близок до семејството Тошиќ и продолжил: „Се сеќавам дека Душко ги молеше соседите кај нив да ги гледа фудбалеските натпревари бидејќи неговите родители немаа телевизор. Седнуваше на креветот, а топката му беше под нозете. Се случуваше и тој да заспие покрај телевизорот, па татко му да го носи дома на раце. Душко е класичен пример како од кал може да се стаса до врвот“, изјавил на крајот изворот.

 

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%