EX-YU ЕСТРАДА

Првиот македонски трибјут бенд „Бело копче“ заедно со најголемите регионални ѕвезди на првиот интернационален „Рок и етно фест“ во Улцињ

today14/07/2022 17

Background
share close

Спој на рок и етно култура, карактеристичен звук и познати музички имиња – сето тоа го носи првиот интернационален „Рок и етно фест“.

Четири дена добра музика, но и разновидна културно-уметничка програма, во срцето на морскиот брег, Улцињ, ќе ги собере најпознатите рок групи како: „Тешка индустрија“, „Генерација пет“, „Црвена јабука“, „Краљевски апартмани „… Ним ќе им се придружат регионалната ѕвезда Индира Форца – екс „Колонија“, необичниот македонски трибјут бенд „Бело копче“ трибјут „Бијело дугме“, но и многу други изведувачи од Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Хрватска и Македонија.

Покрај љубителите на добриот звук, свое место во модерниот јавен парк на семејството Хајдари ќе најдат и љубителите на уметноста, ракотворбите, модата и фолклорот. Покрај големите музички концерти, во програмата на фестивалот има и настапи на фолклорни групи од Западен Балкан. Покрај тоа, ќе се одржи саем за ракотворби, модна ревија и етнографска изложба.

Првиот Интернационален Rock & Ethno Fest започнува на 4-ти август во 19 часот. Првата фестивалска вечер ќе настапи „Бело Копче“ трибјут „Бијело дугме“, а истата вечер публиката ќе ја забавуваат Индира Форца – екс „Колонија“, „Тешка индустрија“, Билјана Ѓошева, „Трилоџи бенд“ и Адријан Љуљџурај. „Бело Копче“ трибјут на „Бијело дугме“ настапуваат и втората вечер, како и „Тешка индустрија“, Билјана Ѓошева и „Трилоги бенд“. Освен нив, на 5 август на сцената ќе се појават „Епилогија“ и „Краљевски апартман“.

Третиот фестивалски ден е резервиран за концертот „Генерација 5“, „Црвена јабука“, како и за музиката на „Фјола и бенд“. Истата вечер публиката повторно ќе има можност да ги слушне „Тешка индустрија“ и „Епилогија“. На последниот ден од манифестацијата ќе настапат Шкумбин Исмаили, Пони, Кораб Шаќири, Сидорела Кељменди. Конечно, фестивалот се затвори со хитовите на „Тешка индустрија“, а публиката уште еднаш ќе го слушне бендот „Фјола и бенд“.

Првиот Интернационален Rock & Ethno Fest го организира невладината организација „Глобус Арт“ од Улцињ, која зад себе има низа успешни културни манифестации кои се одржуваат во Улцињ и низ целиот Балкан.

Билетите за настанот можете да ги купите на веб-страницата www.gigstix.me. Цената на билетот за една вечер чини 9 евра, додека цената на билетот за сите четири вечери на фестивалот изнесува 29 евра.

„Поминете ги деновите на една од прекрасните плажи, а потоа подгответе се и дојдете на најдобрата забава во градот. Време е за добар стар звук и нови спомени“ -порачуваат организаторите кои помпезно ги најавуваат настапите на македонскиот трибјут бенд „Бело копче“.

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%