EX-YU ЕСТРАДА

Прилеп Фолк Фест 2022 на 26. Мај- ќе настапат најголемите македонски фолк звезди

today19/04/2022 29

Background
share close

Имајќи ја предвид долгогодишната, а сега и постпандемиската состојба на евидентен дефицит на квалитетна македонска народна музика, која што во својата основа би ги задржала сите карактеристики на македонскиот јазично- текстуален контекст со современ музичко- аранжерски пристап и сценско визуелно обликување, оваа година ќе се одржи 6 тото издание на фестивалот на авторска народна музика „Прилеп Фолк Фест“ 2022. Фестивалот ќе се одржи на 26ти Мај, во домот на културата „Марко Цепенков”. На овогодишното издание на фестивалот ќе настапат најголемите македонски фолк звезди: БЛАГА ПЕТРЕСКА, НАУМ ПЕТРЕСКИ, НИНО ВЕЛИЧКОВСКИ, ЗУИЦА ЛАЗОВА, МАРЈАН КОЦЕВ, ЕЛЕНА ВЕЛЕВСКА, АДРИЈАНА АЦЕВСКА, СУЗАНА ГАВАЗОВА, САЊА РИСТЕСКА, САЊА БАРБИКА, СПАСЕН СИЉАНОСКИ, АНЕТА АРСОВСКА, ЖИВЕ МЕШУРЕВСКИ, ЈОРДАН МИТЕВ, ТАТЈАНА СТЕФАНОВСКА, групите ФОКУС, АНЕТА и МОЛИКА, СКОПСКИ БОЕМИ и МАЕСТРО. Со песни на дел од најдобрите македонски автори: Миле Барбаровски, Милан Завков, Николче Мицевски, Дејан Момироски, Борче Нечовски, Горјан Стојановски, Огнен Неделковски, Ѓорѓи Барбаровски… Фестивалот е во организација на „Здружението за музичка продукција и организација на настани „One way“- Скопје, а под покровителство на општина Прилеп. Директорот на фестивалот „Прилеп Фолк Фест”, г-динот Борче Нечовски, ја даде следната изјава: "Огромна е одговорноста да се организира еден ваков фестивал, но уште поголемо е задоволството што на него ќе настапат голем дел од најдобрите артисти и автори, кои оставиле огромен белег во нашата новокомпонирана народна музика. Потребата од вакви фестивали е секако многу важна имајќи ја во предвид моменталната ситуација на општествено, а секако и на културолошко ниво. Посебно ме радува што на нашиот повик се одзваа буквално најдобрите и сум убеден дека и љубителите на народниот мелос во Македонија ќе уживаат во новите фестивалски песни. Сакам да изразам голема Благодарност до општина Прилеп како главен покровител, а секако и до МРТ која е наш медиски партнер."

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%