Радио KISS FM – EX-YU МузикаРадио KISS FM -Имаме нешто заедничко, сакаме добра музика!
play_arrow
По патот со облацитеYana Bolder
play_arrow
Петар Грашо со нова романтична баладаKissFM
Порака:
Филип Војо Стојановски - Свадба голема
Може нешто од Војо Стојановски?😁
Dedication
Поздрав од цело друштво од Црниче до радио KISS FM!
Dedication
Супер песни пуштате, продолжете само така!
Новата песна на младата ѕвезда Антониа Гиговска и момците од „2Бона”, Тони и Кун руши рекорди на слушаност во нашата земјa. Нивната “Хиена” за само неколку дена на Јутјуб има повеќе од 330.000 прегледи.
По се изгледа нивната соработка се покажа како полн погодок, а коментарите за истата на социјалните мрежи не престанува да пристигнуваат. Особено изненадува фактот што под објавата пишуваат и фанови од скоро сите соседни земји, па дури и од Русија.
Ќе ви издвоиме само неколку од нив: „ Здраво од Русија. Продолжете да творите, браќа Балканци“, „Многу добра спојка сте тројцата, предобар спот, предобра песна“, „Антониа е симбиоза од светски потенцијал. Со ваков потенцијал не е фер светот да не те слушне“, „Пола песна не ја разбирам, но ова е совршено. Каква енергија во песна, каков вајб – поздрав од Хрватска“ – се само дел многуте коментари.
Ниту Антониа, ниту Тони и Кун не го кријат нивното задоволство за соработката, а велат и дека не се изненадени од бројките и позитивните реакции.
– Ме радуваат реакциите на публиката, секојдневно добивам пораки дека им се допаѓа, а истото се случува и кај Кун и Тони. Задоволни сме од целиот проект, Лазар си го направи своето, да бидам искрена јас очекував да биде прифатен целиот пакет – накусо ни изјави Гиговска.
Инаку автор на музиката и аранжманот е познатиот продуцент Лазар Цветковски, додека текстот го потпишуваат момците од „2 Бона“ и познатиот рапер Тајзи. Како режисер на видеоспотот се потпишува младиот Томислав Живковиќ.
Пејачот Саша Ковачевиќ проговори за немилиот настан кога бил затворен во Германија повеќе од 5 часа. Тој зa зборуваше за деталите кои јавноста не ги знае. Не спиевме пет дена. Решивме да направиме мини филм, потребно е време да се организира, продуцира и сé. Не го заболе само тато главата од цифрата на спотот, нé заболе сите, туку познати сме по тоа што инвестираме во квалитетни видеа… – вели пејачот […]
Коментари за веста (0)