Радио KISS FM – EX-YU МузикаРадио KISS FM -Имаме нешто заедничко, сакаме добра музика!
play_arrow
По патот со облацитеYana Bolder
play_arrow
Петар Грашо со нова романтична баладаKissFM
Порака:
Филип Војо Стојановски - Свадба голема
Може нешто од Војо Стојановски?😁
Dedication
Поздрав од цело друштво од Црниче до радио KISS FM!
Dedication
Супер песни пуштате, продолжете само така!
Фолкерот Аца Лукас Аца денеска го жени синот Лазар, а како што пишуваат српските медиуми, пејачот е најрасположен на свадбената веселба. Сепак, тој задоцнил на црковната венчавка на Лазар Вуксановиќ и неговата избраничка Ана. Лукас пред црквата на Карабурма дошол придружуван од трубачи, украсени со банкноти, додека младенците и гостите влегувале во црквата. Иако бил по снаата, Лукас задоцнил неколку минути на церемонијата. Набрзина влегол во црквата и почнала венчавката. Фолкерот подоцна ја испеал и првата песна на свадбата „Има ли наде за нас“, на која младенците го изиграле свадбениот танц. Потоа, на задоволство на пристутните, продолжил со неговиот хит „Волиш ли ме“, по што извадил купче со евра за да ја кити музиката, а и самиот себе. Кога пеачката ја испеала песната на Шемса Суљаковиќ „Се согласувам на се“, Лукас ѝ дал бакшиш од 1.000 евра. Иако рекол дека нема повеќе да пее Лукас во дует со пеачката ја испеале „Во сон, сакај медена усна“, по извадил уште 500 евра и му ги „залепил“ на хармоникашот. На свадбата запеа и Саша Матиќ, кој ја отпеа неговата песна „Најди нова љубов“, која ја побара Лукас. Се очекува веселбата да трае до раните утриснките часови, а на неа да се изнаредат колегите на Лукас. Освен Матиќ на списокот на гости наводно се Драгана Мирковиќ, Светлана Цеца Ражнатовиќ, Ацо Пејовиќ и многу други.
Продолжува војната помеѓу Аца Лукас и директорката на забавната редакција на РТС Оливера Ковачевиќ по српскиот избор за песна на Евровизија. Лукас ја обвини Ковачевиќ дека му ја украла победата, но и таа не му остана должна. Многу е важно која уста го кажува тоа. Имавме ваква ситуација луѓето кои беа осудени и издржуваа затворски казни, кои сега се во процес на ресоцијализација, некои од нив веруваа дека јавната служба […]
Коментари за веста (0)