EX-YU ЕСТРАДА

Пееше, ама и лепеше бакшиш: Ѝ залепи 1000 евра на пејачката за оваа песна, никој во Македонија не ја знае

today12/03/2022 4

Background
share close

Фолкерот Аца Лукас Аца денеска го жени синот Лазар, а како што пишуваат српските медиуми, пејачот е најрасположен на свадбената веселба. Сепак, тој задоцнил на црковната венчавка на Лазар Вуксановиќ и неговата избраничка Ана. Лукас пред црквата на Карабурма дошол придружуван од трубачи, украсени со банкноти, додека младенците и гостите влегувале во црквата. Иако бил по снаата, Лукас задоцнил неколку минути на церемонијата. Набрзина влегол во црквата и почнала венчавката. Фолкерот подоцна ја испеал и првата песна на свадбата „Има ли наде за нас“, на која младенците го изиграле свадбениот танц. Потоа, на задоволство на пристутните, продолжил со неговиот хит „Волиш ли ме“, по што извадил купче со евра за да ја кити музиката, а и самиот себе. Кога пеачката ја испеала песната на Шемса Суљаковиќ „Се согласувам на се“, Лукас ѝ дал бакшиш од 1.000 евра. Иако рекол дека нема повеќе да пее Лукас во дует со пеачката ја испеале „Во сон, сакај медена усна“, по извадил уште 500 евра и му ги „залепил“ на хармоникашот. На свадбата запеа и Саша Матиќ, кој ја отпеа неговата песна „Најди нова љубов“, која ја побара Лукас. Се очекува веселбата да трае до раните утриснките часови, а на неа да се изнаредат колегите на Лукас. Освен Матиќ на списокот на гости наводно се Драгана Мирковиќ, Светлана Цеца Ражнатовиќ, Ацо Пејовиќ и многу други.

The post Пееше, ама и лепеше бакшиш: Ѝ залепи 1000 евра на пејачката за оваа песна, никој во Македонија не ја знае appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%