EX-YU ЕСТРАДА

Ова никој не го очекуваше: Кање Вест најави настап во Русија и средба со Путин

today12/01/2022 5

Background
share close

Познатиот рапер Кање Вест наскоро ќе отпатува за Русија, каде што ќе настапи, ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и ќе постигне деловни договори со тамошни магнати. Оваа вест можеби и не е толку изненадувачка, ако се земе предвид тоа дека тој своевремено се нарекуваше „млад Путин“. Вест ќе пристигне во Москва подоцна оваа година, каде што ќе ги одржи своите први настапи во овој град, а има намера да постигне деловни договори со тајкунот Арас Агаларов и неговиот син, музичарот Емин. Советникот на рускиот рапер – Амир Судан тврди дека тоа ќе му помогне на Емин да го изгради својот меѓународен углед, а договорите на Агаларов, наводно, се очекува да му донесат милијарди. Агаларов е познат по инвестирањето во странство, а и по тоа што постигна договор со поранешниот американски претседател Доналд Трамп за одржување на Мис Универзум во 2013 година во Москва. Тие разговараа и за проектот за развој на „кула Трамп“ во Москва, но тоа не се оствари. Внимание привлекува и планот на Вест да се сретне со Путин. Рускиот претседател не е љубител на рапот, но ќе има и други заеднички теми со раперот, особено околу религијата, како што се наведува. (МИА)

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Предходни вести

Естрада

Четкар годината ќе ја почне со концерти низ САД

Нашиот реномиран џез мучичар, охридскиот гитарист Владимир Четкар и оваа година ќе ја почне со концерти низ САД. Според предвидената програма, Четкар настапите низ САД со неговиот бенд ќе ги почнат со концертот во „Aretha’s Jazz Cafe“ во Детроит. Два дена подоцна ќе одржат концерт во „Skadarliya“ во Чикаго, на 5 февруари концерт во „BOP STOP“ клубот во Кливленд, а на 12 февруари концерт е закажан во њујоршкиот „Chelsea Table […]

today12/01/2022 1

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%