EX-YU ЕСТРАДА

Ова е најплатениот музичар за 2021 година- заработил вртоглава сума

today17/01/2022

Background
share close

Брус Спрингстин, со заработка од 590 милиони долари е прогласен за најплатен музичар за 2021 година, објави списанието „Ролинг стоун“.

Најголем дел од заработката е од продажба на своите песни и авторските права минатиот месец. Договорот на музичарот со „Сони мјузик“ беше проценет на 550 милиони долари и тоа воедно претставува најголема продажба што еден музичар некогаш ја остварил.

„Сони“ на тој начин стана сопственик на 20-те албуми на Спрингстин, вклучувајќи ги тука и класиците „Born to Run“, „The River“ и „Born in the USA“. Слични договори потпишаа и Боб Дилан, групата „Блонди“ и Дејвид Боуви.

Вториот најплатен музичар за 2021 година е Џеј Зи. Поголемиот дел од неговата заработка од 470 милиони долари е од продажба на сопственичкиот удел од 302 милиони долари во „Тидал“ на коосновачот на Твитер – Џек Дорси.

На третото место се наоѓа Пол Сајмон, а потоа следуваат Кање Вест, Рајан Тедер, групата „Ред хот чили пеперс“, Линдзи Бакингем, „Мотли кру“, Блејк Шелтон и Тејлор Свифт.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Предходни вести

Естрада

Бебето од албумот „Невермајнд“ повторно ја тужи „Нирвана“

Човекот кој како бебе беше фотографиран гол за обвивката на албумот „Невермајнд“ (Nevermind) на „Нирвана“, поднесе нова тужба, обвинувајќи го рок-бендот за сексуална експлоатација. Неговиот претходен случај беше отфрлен од Судот во Калифорнија. Триесет годишниот Спенсер Елден првпат поднесе тужба во август 2021 година, барајќи отштета од 150.000 долари од секој од 15-те обвинети - поранешните членови на бендот, Дејв Грол и Кристо Новоселиќ, како и наследниците на починатиот пејач […]

today14/01/2022 3

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%
AllEscort