EX-YU ЕСТРАДА

Откажани концерти на Елтон Џон, пејачот позитивен на коронавирус

today26/01/2022 8

Background
share close

И покрај тоа што е вакциниран со трета доза, британскиот пејач Елтон Џон се зарази со коронавирус, поради што ги одложи двата концерти во Далас, Тексас, САД.

Тој има само благи симптоми и со нетрпение очекува наскоро да се врати на сцената за да ја продолжи својата проштална светска турнеја „Farewell Yellow Brick Road“, се наведува во соопштението на 74-годишниот пејач. Настапите во Далас беа закажани за 25 јануари и 26 јануари.

Посетителите ќе можат да ги искористаат своите билети за презакажаните датуми кои ќе бидат објавени наскоро. Одложената турнеја на Елтон Џон во Северна Америка, првично закажана за 2020.

Започна на 19 јануари оваа 2022 година во Њу Орлеанс, со закажани настапи во Хјустон, Чикаго, Детроит, Торонто, Њујорк и Мајами. Претходно Џон најави дека ги одложува европските датуми од прошталната турнеја до 2023 година, за да биде опериран поради повреда на ногата.

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%