EX-YU ЕСТРАДА

Новиот албум на Кендрик Ламар излегува во мај

today19/04/2022 6

Background
share close

Познатиот рапер од Калифорнија, Кендрик Ламар вчера го најави објавувањето на неговиот нов, петти студиски албум. Новото остварување е наречено „Mr. Morale & The Big Steppers“ излегува на 13 мај. По неговиот последен студиски албум „Damn“ за којшто ја доби Пулицеровата награда за музика, американскиот рапер работеше и на музиката за филмот на „Марвел“ – „Црниот пантер“. Компилацијата е изведена и на Фестивалот во Коачела, а освои 14 „Греми“ награди, како и номинација за „Оскар“. „Детето од Комптон (инаку сиромашно предградие на Лос Анџелес)“ – Кендрик Ламар се смета за еден од најдобрите рапери на сите времиња поради неговите стихови кои се занимаваат со расизмот, насилството и социјалната неправда. Веќе е објавено и дека раперот ќе настапи и на следниот Фестивал на Гластонбери.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%