EX-YU ЕСТРАДА

Никола Роквиќ, синот на Маринко: Знаевме дека се мали шансите да преживее, без него остана тага и празнина

today17/12/2021 8

Background
share close

Пејачот Маринко Роквиќ почина на 6-ти ноември на 68-годишна возраст по кратко и тешко боледување. Зад себе ги остави сопругата Славица и синовите Дарио, Марко и пејачот Никола, кои сега добија сила и првпат проговорија за сето она низ кое поминаа изминатиов период. Во интервју за Story, пејачот најпрвин проговори за чувствата кои го проникнаа и него и останатите членови на семејството во последниот месец.

– Откако Маринко си замина, чувствуваме многу, има многу измешани емоции, спомени и секако, состојбата на првиот шок влијаеше да се измешаат емоциите. Моето семејство чувствува голема љубов. Што го имавме, што го имаме за татко, сопруг, брат и дедо. Бев присутен кога се родија моите деца и кога татко ми си замина. Во тој момент чувствувате слична безгранична љубов кон ближниот, која не ја чувствувате во текот на животот. После тоа доаѓа тага, празнина… Но, бидејќи имаме таков татко, неописливата болка во многу моменти се заменува со гордост, дури и радосна тага – рече Никола, а потоа се присети на моментот кога на Маринко му беше дијагностициран рак.

– Со Маринко се боревме една година против неговата болест и уште од самиот почеток знаевме дека има мали шанси да преживее. Но, не изгубивме надеж и се потпиравме на неговата сила и здравиот начин на живот што го водеше, како и неговата неверојатна желба за живот и љубов кон сите нас. Во текот на животот исполнил се што можел. Дојде од мало место Босански Петровац на само 14 години во Белград и правеше се што правеше. Многу сум горд на него за се‘ што постигна, а најмногу сум горд на тоа како се снајде со се во последната година. Никогаш не плачел, а тоа е израз на витештвото, а тоа е поголемо од херојство. Не штитеше од неговите маки и болки без да ни каже колку му било тешко. Ние направивме се што можевме, а и тој, но противникот беше многу посилен. Верувам дека татко ми сега е на подобро место – рече Никола и отки како реагирале неговите деца на веста дека дедо им починал:

– Во некои моменти Деспот се налутеше на дедо му што си замина, па рече дека ќе стане научник и ќе најде лек за смртта за да го врати дедо му. Леона вели дека нејзиниот дедо отишол во рајот и дека „амин“ (така го нарекува Бог) го штити дедо му. Таа бара да оди во црква и да се моли за него. Децата на Дарио се во Канада, а тој дојде на поменот. Поради се што претходно договорил не можеше да дојде на погребот, но сега е кај нас во Белград и ќе остане 10 дена. Мајка се држи добро. Секако, има моменти кога чувствувате голема тага и недостаток, но често сме заедно или со роднини – секогаш сме со Славица и се трудиме да се потсетиме на убавите моменти, да не паѓаме во преголем очај. Го паметиме Маринко по неговите прекрасни особини и сето човечко што ни го остави како аманет.

Пејачот потоа откри како Маринко дознал дека ја има оваа опасна болест.

– Што се однесува до неговата болест, тој немаше никакви симптоми. Сосема случајно отиде во болница со нашиот брат од Германија, кој дојде овде да се провери. Тогаш му беше дијагностицирана болеста, но, за жал, веќе беше во напредна фаза. На скенерот не изгледаше толку страшно, но кога се направи биопсија, лекарите видоа дека се веќе отишло предалеку. Тоа траеше за чудо долго, бидејќи тоа е болест која го одзема животот за неколку месеци. Успеа да живее една година – завршува Никола.

The post Никола Роквиќ, синот на Маринко: Знаевме дека се мали шансите да преживее, без него остана тага и празнина appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Предходни вести

Естрада

Дечките од Дајте Музика заблескаа на првата евровизиска проба

Оваа година 19. издание на јуниорскиот избор за песна на Евровизија ќе се одржи на 19 декември во спектакуларната концертна сала „La Seine Musicale“, во градот на светлината, Париз. Децата од мегапопуларната детска серија „Дајте Музика“ се избрани од МРТ да ја претставуваат Македонија на годинешната Детска Евровизија. Песната се вика „Green forces“, а ќе ја изведуват Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“. Македонските тинејџерски ѕвезди Анастасија, Филип, […]

today15/12/2021 1

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%