EX-YU ЕСТРАДА

Никола Мицевски со ново музичко ремек дело во вонвременската – „Time” (ВИДЕО)

today25/02/2022 25

Background
share close

По првиот сингл „Круг” нашиот композитор Никола Мицевски, денес го промовира и својот втор сингл насловен „Time” кој е дел од неговиот албум „Nеw Era”. Како специјален гостин на овој проект учествува нашиот добро познат гитарист Дамјан Пејчиноски а видеото го изработи познатиот Даниел Јовески. „Time” е инструментална композиција во синематик/ етно/рок/симфони правец, или популарно во World music правец, со призвук на филмска музика. Сублимација на моето цело досегашно музичко знаење и искуство. Музика преку која сакам да допрам до што поголем број на слушатели, музика која може да се слуша секаде во светот а притоа да е претпознатливо дека се темели врз дихот на македонската музика. Среќен сум што соработував со Дамјан Пејчиноски, гитарист од светска класа кој со својата изведба даде една друга димензија на мојата музика. Даниел Јовески повторно направи едно ремек видео со кое автентично и перфектно ја илустрираше мојата музика“ – вели Мицевски. Музиката и аранжманот ги потпишува самиот Никола Мицевски. Како гостинво темата се појавува веќе споменатиот гитарист Дамјан Пејчиноски, а целат ем звучи фасцинантно потсетувајќи на тврештвото на најголемите мајстори во овој музички жанр, како што се грчките компоитори и инструменталисти Вангелис или Јани. Музиката е снимена во студиото „XL Момироски“, каде оваа музичка тема е и продуцирана. Темата „Време“ е визуелизирана со уште едно одлично видео а кое како комплетен автор (режија, сценарио и камера) се потпишува Даниел Јовески. Како звучи и изгледа вонвременста изведба на „Време“ (Time) на Николче Мицевски, проследете во продолжение:

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%