EX-YU ЕСТРАДА

Неговото место е на рап-сцената, но овојпат во Америка: Македонскиот рапер Вукац се враќа по пауза од 10 години! (ВИДЕО)

today27/12/2021 8

Background
share close

Оние кои ја следеа македонската рап-сцена пред десетина години и тоа како се сеќаваат на артистот Александар Петров или пак можеби само Vukac MC – како што повеќето го познаваат. Неговото последно издание беше во 2011 година, со темата „Ова е мојот живот“, каде што раскажува колку му е тежок животот во Македонија и дека нема на што да се гордее. Таа 2011 година Вукац ја промовираше и песната „За тебе зборат”, продуцирана од Никола Тефов (NT Beats) и Зоран Алексиќ – Снупи. Е, токму тој Александар Петров по цели 10 години пауза повторно се активира, но овој пат од Америка каде што живее веќе неколку години. Меѓутоа сега станува збор за нова рап-песна на англиски јазик, песна која многу наликува на неговата прв рап-песна во Македонија со наслов „Срце во пета“, тогаш продуцирана од Илија Делов, односно Били Ѕвер. По цели 10 години, Вукац ја обновува соработката со Никола Тефов (NT Beats) и заедно ја создаваат новата песна „Step On The Gas“, во која гостува и SamGotDI, рапер од Њујорк / Бронкс, кој е познат уште во 2000-тите со неговата латинска хит рап песна OLE' OLE' OLE' под името на изведувачот EL GRAN MATADOR. Овој рапер соработуваше и со групата Фуналито, кои имаат две „Греми“ номинации. – Највеќе застанав со музиката поради финансискиот дел во Македонија. Имав огромни желби, но премногу препреки. Ја сакам Македонија премногу, но ете, Господ ми ја почуствува мојата желба и кога ја запознав Даниела мојата сопруга и заедно аплициравме за во Америка. После 10 години се чуствувам дека можам да продолжам со музиката, да креирам слободно и да си го остварам мојот сон – вели Вукац. Инаку новата песна има кул звук на трап музика, со добар 808 бас и моќни и ударни стихови. Продуцент и композитор е Никола Тефов од Њу Џерси кој го носи името NT Beats. Исто така текстописци се Никола Тефов (NT Beats), Сем Серати (SamGotDI) и Александар Петров (Vukac MC). Александар за во иднина вели дека ќе има нови песни на англиским но и македонски јазик, а исто така најавува и соработки со артисти кои ќе изведуваат на своите матични јазици од Јужна Америка, Африка, Балканот и Азија. Песната „I Step On The Gas“ официјално беше објавена на 25-ти декември и тоа на сите платформи вклучуваќи VEVO, Apple Music, Spotify, Tidal и сите останати. Дистрибутор и публишер е NT Music.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%