EX-YU ЕСТРАДА

Не било неверството на фудбалерот: Ова е вистинската причина зошто Пике и Шакира раскинаа?!

today18/07/2022 15

Background
share close

Прекинувањето на врската меѓу Шакира и Жерар Пике, поради, како што беше обајвено, неверство од страна на фудбалерот, предизвика голем интерес во светската јавност. Сепак, поранешниот сопруг на една од сестрите на Шакира, Роберто Гарсија, открива дека главната причина за раскинувањето на славната двојка всушност не било изневерувањето, туку расправија околу пари. Како што тврди тој, Пике побарал заем од Шакира за да ги вложи парите во некој бизнис, а таа го одбила по совет на нејзините родители кои и рекле дека такво нешто „не би било многу паметно“.

Според она што ми го кажа еден нивен многу близок, меѓу нив двајца има економски проблем. Наводно, Пике барал пари од Шакира за разни инвестиции, а семејството на Шакира одбило да ги даде. Тие не ги мешаат своите пари – вели Гарсија за „ЕСдиарио“.

https://republika.mk/scena/estrada/srekjna-i-dobro-raspolozena-shakira-surfa-vo-shpanija-so-nepoznat-maz-po-neverstvoto-na-pike/ Тој исто така тврди дека пејачката никогаш немала намера да се омажи за фудбалерот.

Шакира се фокусираше на Пике бидејќи сакаше тој да биде татко на нејзините деца. Знаеше дека никогаш нема да се омажи за него – додава поранешниот зет на колумбиската пејачка.

The post Не било неверството на фудбалерот: Ова е вистинската причина зошто Пике и Шакира раскинаа?! appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%