EX-YU ЕСТРАДА

Нејзината смрт го скрши Тома Здравковиќ: Силвана Арменулиќ загина во несреќа заедно со својата сестра

today05/01/2022

Background
share close

Легендарната пејачка Силвана Арменулиќ трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа пред 45 години, на 10 октомври 1976 година, на автопатот Белград-Ниш, кога се враќала од концерт. Заедно со неа починала и нејзината сестра Мирјана Барјактаревиќ, која била бремена и виолинистот Раде Јашаревиќ, додека третата сестра Дина Бајрактаревиќ Николиќ, како што еднаш рекла, за влакно ја избегнала смртта. Силвана имала 37 години кога починала. На социјалните мрежи се појави стара фотографија од местото на несреќата на која се гледа автомобилот во кој се наоѓала пејачката и кој е целосно уништен! Според реконструкцијата на несреќата, по рамна сообраќајница фордот се движел со брзина од околу 150 км/ч, а потоа наеднаш почнал да преминува на левата, спротивна лента и дошло до судир. Десната страна на фордот со толкава сила удрила во камионот што целосно го извадила предното десно тркало и се вовлекла под него.

The post Нејзината смрт го скрши Тома Здравковиќ: Силвана Арменулиќ загина во несреќа заедно со својата сестра appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%