EX-YU ЕСТРАДА

НАД МИЛИОН ПРЕГЛЕДИ: Стискајте палци за Македонија да победи на Детска Евровизија! (ВИДЕО)

today05/12/2021 60

Background
share close

Како што е веќе познато, децата од мегапопуларната детска серија „Дајте Музика“ се избрани од МРТ да ја претставуваат Македонија на годинешната Детска Евровизија. Хит песната се вика „Green forces“, а ќе ја изведуват Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“. Спотот веќе има над милион прегледи и ниту еден „дислајк“, а некои веќе не вбројуваат во фаворити и победници на Детската Евровизија. За потсетување, оваа година 19. издание на Јуниорскиот Избор за Песна на Евровизија ќе се одржи на 19-ти декември во спектакуларната концертна сала „La Seine Musicale“, во градот на светлината, Париз, по победата која Валентина и ја донесе на Франција, а францускиот Национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма. Директен пренос ќе има на програмите на Македонската радио телевизија.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%