Радио KISS FM – EX-YU Музика Радио KISS FM -Имаме нешто заедничко, сакаме добра музика!
По патот со облаците Yana Bolder
Петар Грашо со нова романтична балада KissFM
Хрватскиот музичар Јасмин Ставрос почина синоќа во Загреб на 69-годишна возраст откако во изминатите неколку месеци се бореше со рак на коските. Веста за неговата смрт ја потврдил и неговиот менаџер.
– Вистина е, Јасмин почина вчера во 21 часот. Само заспа, рекол за локалните медиуми.
Да потсетиме, за неговата животна битка се дозна во средината на март, кога отишол во болница поради болки во грбот, а откако ја добил дијагнозата, се лекуваше во болница.
– Се започна со чир на дванаесетпалечно црево. Потоа ме оперираа во Карловац. После тоа ме пуштија дома, но грбот почна постојано да ме боли. Не можев повеќе да сторам ништо. Потоа ме однесоа во Виноградска, каде што открија дека имам рак на коските, изјави музичарот откако во јавноста излезе веста за неговата болест.
Јасмин Ставрос или Мило Васиќ, како што е неговото вистинско име, е роден на 1 ноември 1954, во Сплит. Негова можеби најпозната песна е „Дао би сто Америка“, којашто раскажува за неговиот престој во САД пред да се врати во Хрватска во пресрет на прогласувањето на хрватската независност.
Соработувал со Јосипа Лисац, Арсен Дедиќ, Душко Локин, Мишо Ковач, Ивица Шерфези, Неда Украден, Љупка Димитровска и други музичари од поранешна Југославија.
Written by: KissFM
ВЕБ РАЗВОЈ И ДИЗАЈН АЛЕКСАНДАР РИСТОВСКИ
Post comments (0)