EX-YU ЕСТРАДА

На 13-ти април, среда во градска кафеана „Пелистер“ во 12 часот: „Меморија“ со ПРЕСС конференција за големиот концерт на отворено

today12/04/2022

Background
share close

Пет години по големиот повратнички концерт во сега веќе непостоечката „Метрополис арена“, култната македонска поп-рок група „Меморија“ најавува нов концертен спектакл. Овој пат под отворено небо, на стадионот на АРМ во Градскиот парк во Скопје, каде на 11-ти јуни 2022 год. ќе се одржи најголемата рок ен рол концертна журка во живо годинава. Замислена како своевидна „концертна матурска рок ен рол забава на генерациите“… И на оние некогашните, кои паметат многу посреќни времиња и овие сегашниве кои ги живеат најубавите години од својата младост, но и оние чии тинејџерски години допрва доаѓаат, концертот на „Меморија“ ќе биде многу повеќе од само обичен „Open air“ рок концерт. Сплотена енергија на неколку генерации како знак на заедништво и верба во вистинските вредности. И музички и човечки! Покрај нивните најголеми хитови како „Нена“, „Одам засекогаш“, „Оган под ѕвездите“, „Нашите слики“, „Зошто Боже“, „Дирлада“, „Снежо-Снежана“… кои одново ќе ги слушнеме од големата концертна сцена, на неа како специјални гости ќе се појават уште неколку култни македонски бендови и музичари… Некои кои се’ уште постојат и градат кариера, некои кои односво специјално ќе се соберат за оваа прилика. Така покрај членовите на „Меморија“ за скопската и македонската публика воопшто, заедно со нив ќе свират и пејат уште и Ружица и Ивица од „Ареа“, Венко и Сеад од „Конкорд“, публиката ќе има можност да го види и слушне во живо, музичкиот видео омаж за Аки Рахимовски, со можност за уште неколку специјални изненадувања што засега се чуваат во тајна. По овој повод членовите на „Меморија“, утре, среда, 13 април 2022 година во градската кафеана „Пелистер“ на Плоштад „Македонија“ -Скопје, со почеток во 12 часот напладне ќе ја одржат својата прва прес конференција. На неа пред претставниците на медиумите ќе бидат соопштени сите детали и поединости за најавениот концерт, кој ќе биде проследен со специјални светлосни и визуелни ефекти.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Предходни вести

EX-YU ЕСТРАДА

ФЕНОМЕНАЛНА ИЗВЕДБА НА “АДРЕНАЛИН БЕНД”: Инзворедна преработка на македонските култни хитови со сите нишани што ќе ви ги ПРОБУДИ емоциите, посебно кај генерациите што израснаа со истите! (ВИДЕО)

Една од најбараните скопски групи “Адреналин бенд” подготви уште еден фантастичен проект, од кој македонската јавност остана воодушевена. Имено, момчињата од бендот заедно со фронтменот Филип Василевски направија преработка на култните македонски хитови „Лебедот бел“, „По навика“, „За нас“, а од начинот на изведбата на истите предизвикаа вистинска возбуда и будење на емоциите на пошироката македонска јавност, а особено кај оние што израснаа токму со овие хитови. Во продолжение можете […]

today12/04/2022

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%
AllEscort