EX-YU ЕСТРАДА

Регионот тагува по познатата пејачка: Лавовски се бореше до последен здив, но не успеа да ја победи болеста

today20/11/2021 34

Background
share close

Легендарната југословенска пејачка на народна музика Мерима Његомир почина утрово на 68 годишна возраст. Оваа вест за српските медиуми ја потврди низ солзи нејзината ќерка Љубица. Точно е, изјавила кратко таа. Мерима инаку неодамна откри дека води тешка битка со ракот. Тогаш изјави дека не се чувствува добро, но дека не се откажува од борбата. Здравствената состојба ми е лоша, се борам со тешка болест, големиот број на лекари и стручњаци ми даваат надеж дека ќе оздравам. Моето семејство ми е најголема поддршка и некако полесно се чувствувам кога тие се до мене, рече пејачката во една своја прилика. Пејачката зад себе остави 25 албуми и без временски хитови кои ги памети цела Југославија. Имаше четири деца, три ќерки и еден син.

The post Регионот тагува по познатата пејачка: Лавовски се бореше до последен здив, но не успеа да ја победи болеста appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%