Радио KISS FM – EX-YU МузикаРадио KISS FM -Имаме нешто заедничко, сакаме добра музика!
play_arrow
По патот со облацитеYana Bolder
play_arrow
Петар Грашо со нова романтична баладаKissFM
Порака:
Филип Војо Стојановски - Свадба голема
Може нешто од Војо Стојановски?😁
Dedication
Поздрав од цело друштво од Црниче до радио KISS FM!
Dedication
Супер песни пуштате, продолжете само така!
Русинката Маша се појави пред неколку години на македонската сцена и по неколкуте одлични песни покажа дека е зрела за крупни чекори. Со оглед на тоа дека за музиката нема граници, младата пејачка од Валенсија, Шпанија започнува да ги прави првите чекори по светскиот музички пат. Ако се прашувате зошто токму од Валенсија, затоа што Маша пред неколку месеци се запиша на реномираниот „Berklee College of Music“ за целосно да се посвети на својата најголема љубов – музиката. „Voices“ е насловот на нејзината најнова песна, но овојпат на англиски јазик. Токму Маша е текстописец на текстот, додека пак на музиката и аранжманот се потпишуваат Панче Касапски, Маша и Лазар Цветкоски. – Морам да кажам дека сум горда на ова што го направивме со тимот. Благодарна сум и на Панче, Лазе, Даниел, бидејќи го добив тоа што одамна го замислував во мојата глава. Се надевам дека песната ќе и се допадне на публиката, до мене веќе пристигнуваат доста позитивни критики. Ова е само мотив за мене да продолжам понатаму и дека сум на вистинскиот пат – вели младата Маша. Се разбира, Маша за „Voices“ сними и видеоспот, а довербата и овојпат му ја даде на добро познатиот Даниел Јовески кој направи одлично ремек-дело. Да не должиме многу, слушнете, погледнете и споделете на вашите социјални мрежи:
Русинката Маша се појави на македонската сцена пред неколку години, а сега младата пејачка од Валенсија, Шпанија започнува да ги прави првите чекори по светскиот музички пат. Маша пред неколку месеци се запиша на реномираниот „Berklee College of Music“ за целосно да се посвети на својата најголема љубов - музиката. „Voices“ е насловот на нејзината најнова песна, но овојпат на англиски јазик. Токму Маша е текстописец на текстот, додека пак […]
Коментари за веста (0)