EX-YU ЕСТРАДА

Македонскиот рапер гради музичка кариера од Америка: Сонував дека ќе се случи ова еден ден!

today11/01/2022

Background
share close

Александар Петров или пак Вукац. Оние што пред десетина година ја следеа македонската рап-сцена и тоа како го паметат ова име.

Меѓутоа цели 10 години од Вукац ниту трага, ниту глас на музичката сцена. Причина за тоа беше неговото преселување во Соединетите Америкнаски Држави во потрага за подобар живот.

И по цели 10 години музичка апстиненција, Вукац реши повторно да се врати онаму каде што застана. По долги години пауза, Вукац од Америка реши да прави кам-бек.

Тој пред неколку дена ја објави својата прва песна на англиски јазик со наслов „Step On The Gas“, во која гостува и SamGotDI, рапер од Њујорк / Бронкс.

Што го натерало да се врати повторно во музичките води, кои е неговите планови, што се променило кај него и уште други интересни детали, Вукац открива во ова интервју…

По цели 10 години пауза, се реши повторно да се вратиш на музиката. Што те натера на овој чекор?

– Се решив да се вратам по 10 години во музиката, бидејки Америка ми овозможи подобри услови и ми даде надеж да се вратам како во старите времиња.

Како дојде до соработка со Никола Тефов, кој е продуцент на твојата песна?

– Со Никола Тефов дојдовме до соработка уште во Македонија, односно кога јас настапував во градот Неготино. Се запознавме и сакавме заедно да соработуваме и снимавме две песни, но по некое време тој замина за Америка јас бев многу тажен во тој момент бидејќи се знаев и соработував со одличен продуцент. Се молев еден ден дека пак ќе се врати тоа време и така се случи. Јас имав среќа заедно со мојата сопруга Даниела да дојдеме во Америка и повторно тоа ни отоври шанса за соработка.

Сметаш ли дека сега после толку време поминато, дека сега е најповолно време за твојот камбек?

– Сметам дека моето враќане е во право време и на право место.

Која е разликата помеѓу Вукац од пред 10 години и сега? Колку созреа ти?

Сум видел и доживеал многу повеќе работи во последните 10 години. Пораснав емотивно, психички и физички. Видов што е многу лошо и многу добро и сега знам што треба и колку треба да се посветиш и сториш за да се стигне до успех. Сум бил на дното, но сум успеал да се искачам и да продолжам да идам на подобро и подобро. Истовремене не сум престанал да го следам мојот сон и се надевам дека гледајќи ме мене и други ќе бидат инспирани да го сторат истото и она најважното: „Невер гив ап”

Ти недостига ли тоа време од пред десетна години, додека се уште беше во Македонија? Со кого највеќе соработуваше во тоа време?

– Ми недостига тоа време многу. За жал не можам да го вратам тоа време. Соработував со Били Ѕвер, Снупи и Никола Тефов.

Ја следиш ли македонската музичка сцена денеска?

– Да ја следам македонската музичка сцена ги сакам македонските артисти и песни.

Има ли некој кој посебно ти се допаѓа од новиве генерации?

– Да се разбира дека има кои мене ми се допаѓаат. Ете, ќе ги издвојам Лара Иванова, Полина Тасева и Наташа Миха…

Кои се твоите цели, планови, колку ќе бидеш активен во оваа 2022 година на музички план?

– 2022 ќе бидам активен цела година ќе се обидам најдобро што можам и се надеваме ќе снимаме повеќе песни.

Имаш ли намера да снимиш нешто повторно на македонски јазик?

– Се разбира декам имам намера да снимам нешто на македонски јазик и се разбира ќе се обидам да снимам дует на македонски јазик…

И за крај, кога да те очекуваме во Македонија?

– Во Македонија се уште не знам кога би дошол, но посакувам да дојдам еден ден.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%