EX-YU ЕСТРАДА

Мадона се побуни против цензурата на Инстаграм: Објави раголени фотографии заобиколувајќи ги ограничувањата

today26/11/2021 29

Background
share close

Музичката дива, Мадона, одлучи да се спротивстави на политиката за цензура на Истаграм насочена кон разголените женски гради и објави неколку разголени фотографии. Притоа, 63-годишната пејачка, успева да ги „заобиколи“ стандардите за цензура со тоа што ги покрива своите брадавици со срценце и на тој успеа да избегне Инстаграм да ги блокира нејзините фотографии. Претходно, Инстаграм, кој ја смета кампањата „Ослоби ја брадавицата“ (#freethenipple) ги избриша сликите на кои се појавува Мадона со разголено деколте.

Повторно ги обајвувам фотографиите коишто Инстаграм ми ги избриша без претходна најава или известување. Образложението што го добив за причината што ја добија моите претставници, кои не го управуваат мојот профил, беше дека мал дел од мојата брадавица бил изложен и видлив – коментира Мадона на својот Инстаграм.

Се уште не можам да поверувам дека живееме во култура која дозволува да се прикаже секој центиметар од женското тело, освен брадавицата. Како тоа да е единствениот дел од женската анатомија што може да се сексуализира. Зборуваме за делот од телото од кој се храната бебињата. А, зарем не може да биде еротски приказот на брадавицата на некој маж? И што се случува со фотографиите од женски задници, кои никогаш не се цензурирани – реагира кралицата на попот, за цензурата што ја употребува Инстаграм.

The post Мадона се побуни против цензурата на Инстаграм: Објави раголени фотографии заобиколувајќи ги ограничувањата appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%