EX-YU ЕСТРАДА

Легендарната музичка рок икона почина во својот дом во Њујорк – светот во солзи по загубата (ФОТО)

today11/02/2022 5

Background
share close

На 75-годишна возраст почина Иан Мекдоналд, ко-основач на два рок бендови – „Кинг Кримсон“ и „Foreigner“. Неговиот претставник во кратката изјава рече дека музичарот „умрел мирно на 9 февруари во својата куќа во Њујорк, опкружен со своето семејство“. Причината за смртта се уште не е утврдена. Мекдоналд беше дел од оригиналната постава на „Кинг Кримсон“, која беше формирана во 1967 година во Дорсет. Мулти-инструменталист, Мекдоналд наскоро стана главен композитор на бендот. По поддршката што ја дадоа членовите на бендот „Ролинг Стоунс“ на концертот во Хајд Парк во Лондон, на 5 јули 1969 година, тие успеаја да го издадат својот деби-албум насловен „In the Court of the Crimson King“. Сè уште се смета за класика кога станува збор за овој жанр на музика, а Пит Таунсенд од групата „The Who“ го нарече „ремек дело“. Доказ дека Мекдоналд имал влијание врз модерните музичари лежи и во тоа што популарниот американски рапер Канје Вест искористил дел од песната „21st Century Schizoid Man“ за потребите на својот сингл „Power“.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%