EX-YU ЕСТРАДА

Концерт на годината, Некст Тајм и Лозано во Антички

today15/07/2022 7

Background
share close

Најактуелните македонски звезди, групата Некст Тајм и пејачот Влатко Лозановски на 30 јули ќе одржат заеднички концерт во Античкиот театар во Охрид.

Влезниците за овој спектакл веќе се во продажба преку продажната мрежа на Купикартизасе како и онлајн на следниот линк https://www.kupikartizase.com/Events/next_time_2022

-Овој настан за нас е од огромно значење пред се поради тоа што првиот наш фестивал во 2008 како Некст Тајм, беше токму овде на Антички и ја освоивме публиката која исто така и ден денес е со нас. Заедно со Лозано се појавивме на тој фестивал и некако се зближивме од тогаш. После толку години градејки ги нашите музички кариери ете стигнавме да одржиме за прв пат заеднички концерт.

Се надеваме дека публиката ќе ужива во песните од нашиот најнов албум, но сигурно ќе има и изненадувања, велат од Некст Тајм.

Очекуваат публиката да дојде во голем број и заедно да уживаат во една незаборавна вечер исполнета со заедничката уметност.

За Лозано Антички театар е историски простор каде што секој изведувач од Македонија би сакал да настапува, како еден од најреномираните локалитети за правење концерти воопшто кај нас.

-Отворената сцена, но и самата историја која што ја крие “антички” дава на тежина и големо значење на секој евент кој што се организира таму. Со големо исчекување го очекуваме концертот и ветуваме заеднички дека ќе направиме одлична музичка претстава на сите присутни. Ги покануваме сите во Охрид и уште еднаш “ова лето ќе се памти” по уште еден одличен концерт заедно со моите пријатели од Некст Тајм, вели Лозано.

Бидете дел од најуникатниот настан ова лето во Македонија!!!

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%