EX-YU ЕСТРАДА

Канје Вест во Русија ќе се сретне со Путин

today13/01/2022 1

Background
share close

Познатиот рапер Канје Вест наскоро ќе отпатува за Русија, каде што ќе настапи, ќе се сретне со претседателот Владимир Путин и ќе постигне деловни договори со руски магнати. Оваа вест и не е толку изненадувачка, ако се земе предвид дека тој своевремено се нарекуваше „младиот Путин“. Вест ќе пристигне во Москва нешто подоцна оваа година, каде што ќе ги одржи своите први настапи во овој град, а има намера да постигне деловни договори со тајкунот Арас Агаларов и неговиот син, музичарот Емин, пишува „Билборд“. Советникот на раперот Амир Судан тврди дека ќе му помогнат на Емин да ја изгради својата меѓународна репутација, а договорите со Агаларов се очекува да му донесат милијарди. Агаларов е познат по инвестирањето во странство, а токму тој постигна договор со поранешниот американски претседател Доналд Трамп за одржување на изборот за Мис Универзум во 2013 година во Москва. Тие разговараа и за проектот за развој на кулата Трамп во Москва, кој подоцна беше заборавен. Внимание привлекува и планот на Вест да се сретне со Путин, кого тој го покани на еден од неговите настапи во Москва. Рускиот претседател не е љубител на рапот, но ќе има заеднички теми со раперот, особено кога е во прашање религијата, пишува „Билборд“.

The post Канје Вест во Русија ќе се сретне со Путин appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Предходни вести

EX-YU ЕСТРАДА

Охриѓанец пробал да ја слика Милица Павловиќ под сукња, пејачката му го фрли телефонот

Моментот кога српската пејачка Милица Павловиќ фрла телефон на обожавател на настапот во Охрид, стана хит на социјалните мрежи. Момче од публиката се обиде да ја сними пејачката под здолништето додека таа пееше. Павловиќ некоку пати го опоменала дека е дрзок, но тој продолжил. На снимката се гледа како Милица му го зема телефонот од раце и го фрла позади неа: Згрозена сум и разочарана како некои мажи ги третираат […]

today13/01/2022

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%