EX-YU ЕСТРАДА

ХИТ ВО НАЈАВА: Пејачот Орде Неделковски стави круна на својата работа (ВИДЕО)

today21/12/2021 97

Background
share close

Младиот фолк пејач Орде Неделковски, која важи за еден од најнадежните машки вокали на македонската фолк сцена, неодамна промовираше нова песна и видеоспот за неа. Орде Неделковски освен што има сопствена соло кариера, тој е член на фолк групата „Круна“ која постои една година, а веќе е една од најбараните групи во Македонија. Новата песна на младиот фолкер е насловена „Помогни ми”, а за неа музиката и текст ги напишал Драган Ристовски, аражманот го изработил Горан Мирковски, додека миксот и мастерингот се направени во „The Studio“. Во музичката еализација на песната учествувала вистинака мала „ол стар“ музичка екипа: Ратко Даутовски на перкусии, Војче Петрушев – хармоника, Илија Филиповски на виолина, Горан Мирковски -бас и Дејвид Демир на гитара, додека придружните вокали ги испеала Сара Пројковска. Песната која веќе го привлече вниманието на јавноста и наиде на многу позитивни коментари е визуелизирана и со видеоспот изработен во црно-бела техника, кој го потпишува веќе проверената „ИН продукција“. Во време кога естрадната сцена заради коронапандемијата едвај опстојува, композицијата на Неделковски е огромно освежување, певлива и лесно влегува во уво, па се очекува да стане хит кој со задоволство ќе се бара и ќе се пее на многу свадби и веселби, разни прослави, свечености… Како сето тоа звучи и изгледа, проследете од видеото во продолжение: вистина.мк

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%