Радио KISS FM – EX-YU МузикаРадио KISS FM -Имаме нешто заедничко, сакаме добра музика!
play_arrow
По патот со облацитеYana Bolder
play_arrow
Петар Грашо со нова романтична баладаKissFM
Порака:
Филип Војо Стојановски - Свадба голема
Може нешто од Војо Стојановски?😁
Dedication
Поздрав од цело друштво од Црниче до радио KISS FM!
Dedication
Супер песни пуштате, продолжете само така!
Младиот фолк пејач Орде Неделковски, која важи за еден од најнадежните машки вокали на македонската фолк сцена, неодамна промовираше нова песна и видеоспот за неа. Орде Неделковски освен што има сопствена соло кариера, тој е член на фолк групата „Круна“ која постои една година, а веќе е една од најбараните групи во Македонија. Новата песна на младиот фолкер е насловена „Помогни ми”, а за неа музиката и текст ги напишал Драган Ристовски, аражманот го изработил Горан Мирковски, додека миксот и мастерингот се направени во „The Studio“. Во музичката еализација на песната учествувала вистинака мала „ол стар“ музичка екипа: Ратко Даутовски на перкусии, Војче Петрушев – хармоника, Илија Филиповски на виолина, Горан Мирковски -бас и Дејвид Демир на гитара, додека придружните вокали ги испеала Сара Пројковска. Песната која веќе го привлече вниманието на јавноста и наиде на многу позитивни коментари е визуелизирана и со видеоспот изработен во црно-бела техника, кој го потпишува веќе проверената „ИН продукција“. Во време кога естрадната сцена заради коронапандемијата едвај опстојува, композицијата на Неделковски е огромно освежување, певлива и лесно влегува во уво, па се очекува да стане хит кој со задоволство ќе се бара и ќе се пее на многу свадби и веселби, разни прослави, свечености… Како сето тоа звучи и изгледа, проследете од видеото во продолжение: вистина.мк
Новата песна на младата ѕвезда Антониа Гиговска и момците од „2Бона", Тони и Кун руши рекорди на слушаност во регионот. Нивната „Хиена" за само неколку дена на „јутјуб“ има повеќе од 330.000 прегледи. Позитивни коментари стигаат од фанови од сите соседни земји, но дури и од Русија и Австралија. „Здраво од Русија. Продолжете да творите, браќа Балканци“, „Многу добра спојка сте тројцата, предобар спот, предобра песна“, „Антониа е симбиоза од […]
Коментари за веста (0)