EX-YU ЕСТРАДА

ГЛАСАЈТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА И СТИСКАЈТЕ ПАЛЦИ ЗА ПОБЕДА НА ДЕЦАТА ОД „ДАЈТЕ МУЗИКА“!

today19/12/2021

Background
share close

Гласајте за Македонија и стискајте палци вечерва за децата од „Дајте музика“ кои ќе настапат претпоследни на Јуниор Евросонг. Како што е веќе познато, децата од мегапопуларната детска серија „Дајте Музика“ се избрани од МРТ да ја претставуваат Македонија. Песната се вика „Green forces“, а ќе ја изведуват Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“. „Гласајте за Македонија“, вели македонскиот тим. На официјалната страница на Јуниор Евросонг може да се гласа за три земји, вклучувајќи ја и сопствената. Интернет гласањето ќе трае до 19 денес до 15:59 часот, односно до пред почетокот на музичкото шоу. Овие гласови потоа ќе се спојат со гласовите од публиката што ќе гласа преку СМС. Тие се половина од вкупните поени што ќе одлучуваат за победникот. Останатите педесет проценти од гласовите ќе ги даде жирито. За потсетување, оваа година 19. издание на Јуниорскиот Избор за Песна на Евровизија ќе се одржи на 19-ти декември во спектакуларната концертна сала „La Seine Musicale“, во градот на светлината, Париз, по победата која Валентина и ја донесе на Франција, а францускиот Национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма. Директен пренос ќе има на програмите на Македонската радио телевизија.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Предходни вести

Естрада

Бугарија на детската Евровизија ќе се претстави со песна на македонско-бугарски тим предводен од Васил Гарванлиев

Десислава Димитрова и Мартин Стојанов денеска ќе ја претстават Бугарија на детската Евровизија, која се одржува во Париз. Бугарската песна за детската Евровизија е создадена од бугарско-македонски тим, кој се состои од претставникот на Евровизија 2021 на Македонија, Васил Гарванлиев, Давор Јордановски, Весна Малинова и Стан Стефанов, кој е автор на текстот на песната. Во специјална порака кон бугарската публика за време на претставувањето на заедничката песна Васил Гарванлиев изјави […]

today19/12/2021

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%