Порака:
Филип Војо Стојановски - Свадба голема Може нешто од Војо Стојановски?😁 Dedication Поздрав од цело друштво од Црниче до радио KISS FM! Dedication Супер песни пуштате, продолжете само така!

EX-YU ЕСТРАДА

Дванаесет години болка и непребол: Најблиските се уште во шок од стравичното убиство на пејачката

today22/03/2022

Background
share close

Денеска се навршуваат 12 години од стравичната смрт на српската пејачка, Ксенија Пајчин која беше убиена од нејзиното момче, Филип Каписода, кој потоа се самоуби. И по 12 години многумина не можат да поверуваат дека пејачката повеќе ја нема. Таа важеше за една од најхаризматичните ликови на естрадата и личност која беше полна со енергија и оптимизам. Безживотното тело на својата ќерка и нејзиното момче го пронајде нејзината мајка Љубица, а трагедијата за секогаш го зацрни домот на пејачката. Кумот на Ксенија, Бане Девиќ, вели дека од нрјзината смрт престанал да го брои времето, затоа што болката се уште е ненадминлива.

Не ги бројам годините, нема разлика меѓу првата и дванаесетта година. Се уште ми е тешко да прифатам дека се тоа се случи. Многу ми недостига. Откако се случи сето тоа немам социјален живот, мојата загуба е ненадоместлива. Ксенија имаше срце како куќа. Ми недостига нејзината убавина, многу ми помогна во животот, таа беше моја поддршка. Ми го промени текот на животот и вечно сум и благодарен за се. Времето лечи се освен спомените – вели Бане, за „Блиц“.

Тој зборува дека се обидува да одржува контакт со семејството на Ксенија, со кое си се взаемна поддршка.

Во контакт сум со нејзината мајка Љубица и сестрата. Таа се одлучи да продолжи да го живее животот, но Љубица изгуби се што имаше. Само Господ може да и помогне – заклучува Девиќ.

The post Дванаесет години болка и непребол: Најблиските се уште во шок од стравичното убиство на пејачката appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%