EX-YU ЕСТРАДА

Дуа Липа обвинета за плагијаторство

today04/03/2022 7

Background
share close

Британската поп-пејачка Дуа Липа се соочува со тужба за повреда на авторски права, поднесена од бендот „Артикал саунд систем“. Раперите, имено, тврдат дека таа ја искористила нивната песна „Live Your Life“ за нејзиниот хит „Levitating“.

Според западните медиуми, од рап-бендот сметаат дека поп-ѕвездата и нејзиниот тим ја имале предвид нивната песна кога ја создале „копијата“. Иако во тужбата музичарите не објаснуваат зошто мислат така, и стручни лица признаа дека има сличности во двете песни, особено рефрените. „Артикал саунд систем“ како обвинети ги именуваше и „Ворнер рекордс“, барајќи да ја добијат цела заработка од песната, како и обештетување.

Од тимот на Дуа Липа сѐ уште нема коментари.

Таа, инаку, го објави својот последен албум „Future Nostalgia“ во 2020 година, а во една прилика рече дека не очекувала „Levitating“ да стане толку голем хит.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Предходни вести

Естрада

„Чиста околина“ го објави спотот за „Врие Македонец“

Македонските хип хоп пионери „Чиста околина“ денеска го објавија спотот за „Врие Македонец“, песна со која во ноември го најавија новиот албум. Спотот е сниман на 15 локации. Им гостуваат Кацар и Вена, видеозаписот е на Иван Солунчев, продуцент, микс и гитара - Драги Иванов. https://youtu.be/yBNPJeeKQaE

today01/03/2022 17

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%