EX-YU ЕСТРАДА

Дарко Лазиќ и Барбара Бобак ги запреле лихвари среде Нови Сад

today12/12/2021 40

Background
share close

Дарко Лазиќ не крие дека е во големи долгови, а како што дознава „Стар“, неодамна имал инцидент во Нови Сад. Пејачот го запреле лихвари за да го заплашат и да му се заканат да им ги врати парите, а за да бидат нештата подраматични, со него била и неговата девојка Барбара Бобак.

Дарко не должи само за алиментација, има тој многу долгови, а за што сѐ земаше пари, тоа никој не го знае. Влече долгови уште од времето кога беше во брак со Ана Севиќ. Поради короната, поретко настапува, не толку често како порано. Меѓутоа, и тоа што ќе го заработи, не го користи за враќање на долговите“, објаснува извор на „Стар“

Ивор за „Стар“ вели:

Неодамна беше во продавница во Нови Сад со девојка си Барбара и кога тргнаа кон станот, застана автомобил од кој излегоа двајца и му рекоа дека се изненадени што го гледаат колку опуштено шета и дека би му било попаметно да ги поготви парите. Тој ги праша кои се и зошто го пресретнуваат, а тие му порачаа што побрзо да подготви пари и да ги врати во Минхен. Едниот му кажа да не си игра затоа што многу добро знае со кого има работа, и дека би можела да го изеде темницата“, раскажува изворот за „Стар“

Изворот на „Стар посочува дека девојката на Лазиќ барала одговор кому му должи пари, но пејачот рекол дека е само шега:

Барбара многу се исплаши, цело време се вртеше и гледаше дали ги следат. Инсистираше Дарко да ѝ каже кои се момците и на кого му должи пари, но тој ја убедуваше дека поим нема и дека се работи за шега. Но, се разбира дека знаеше кому му должи, сакаше само да ја смири девојката. Се надевам дека набрзо ќе го врати долгот, во спротивно, црно му се пишува.

 

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%