EX-YU ЕСТРАДА

Дарија Максимова со универзална порака, онаква, каква што само чистата детска душа може да посака – „Ајде да се сакаме“ (ВИДЕО)

today10/01/2022 22

Background
share close

Дека на Македонија не и недостасуваат таленти во различни области, особено во спортот, уметноста, музиката… уште еден доказ е младата скопјанка Дарија Максимова.

Оваа младо единаесет и пол годишно девојче е всушност едно од оние деца за кои слободно може да се каже дека се мултиталентирани. Со дарба за актерство, слух, грло и глас за музика, физички предоспозиции за спорт. И сето тоа заедно подеднакво успешно го практикува младата ученичка од основното училиште „Мирче Ацев“ во скопската населба Ѓорче Петров.

Дарија е родена на 10. 06.2010 година и втора година ја посетува актерската школа на Весна Бејби Петрушевска, која најмладите ги воведува во тајните на актерската уметност, но и на она што значи добро однесување, култура, поведение, почитување, интеракција и социјализација со другарчињата и средината… Со еден збор како да се биде добар уметник и уште подобро дете.

Но, Дарија покрај училиштето кое разбирливо и е на прво место и другарувањето со уметноста во актерската школа на Бејби, покажува афинитети и кон спортот, па така таа тренира и одбојка. Во слободно време покрај читањето книги, акцентот го става кон уште една своја дарба преточена во поинаква уметност. Овој пат музиката, зашто Дарија во слободно време многу сака да пее.

Во слободно време покрај читањето книги, акцентот го става кон уште една своја дарба преточена во поинаква уметност. Овој пат музиката, зашто Дарија во слободно време многу сака да пее.

Токму преку актерката школа на Весна Петрушевска и желбата и дарбата за пеење, таа прва година учествуваше во детскиот играно-музички ТВ серијал, „Дајте музика“. Учеството во новите епизоди од ова, сега веќе култно детско ТВ остварување, резултираше и со нејзината прва снимена соло песна, насловена „Ајде да се сакаме“.

Автор на песната е проверениот музички мајстор, Никола Мицевски кој ги потпишува музиката, текстот и аранжманот на песната, која исто така е снимена и комплетно реализирана во неговото студио, додека текстот го напишала уште една проверена авторска личност, познатата Весна Малинова.

Дека светот им припаѓа на најмладите, а меѓу нив оние што предничат се мулти талентите покажува Дарија, чија песна носи универзална, хумана порака, онаква каква што само невината и чиста детска душа може да посака…

Затоа, „Ајде да се сакаме“, онака, како што низ песна порачува Дарија.

Нема поврзани вести

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Предходни вести

Естрада

Рамбо Амадеус: Богатите држави конечно, без пардон, ги заклучија сиромашните во изолација користејќи ја короната

Црногорскиот музичар Рамбо Амадеус едно неодамнешно интервју за „Време“ бил прашан што мисли за вирусот, дали го загрижува целава ситуација, дали сме на прагот на катаклизма на човештвото во секој поглед или сето ова е уште една цивилизациска шега? Во продолжение е одговорот на Рамбо Амадеус во целост: Мразам теории на заговор, но тие се појавуваат кога повеќе не може да им се верува на информациите, а тоа, за жал, […]

today08/01/2022

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%