Концерт под отворено небо на „Меморија“
Пет години по големиот повратнички концерт во „Метрополис арена“, култната македонска поп-рок група „Меморија“ на 11 јуни ќе одржи концерт под отворено небо на стадионот на Армијата во Градскиот парк во Скопје. На денешната прес-конференција во градската кафеана „Пелистер“, членовите од бендот споделија дека концертот е замислен како своевидна „концертна матурска рокенрол забава на генерациите“. Петар Георгиевски истакна дека со истиот жар, со засилен состав, продолжуваат понатаму. – Пробите ни […]