EX-YU ЕСТРАДА

Бред Пит ја тужи Анџелина Џоли

today25/02/2022 18

Background
share close

Холивудскиот глумец Бред Пит ја тужи својата поранешна сопруга Анџелина Џоли, твдејќи дека тајно продавала акции од нивната заедничка винарија на руски бизнисмен, објави порталот „ТМЗ“ повикувајќи се на судски документи. Во јули 2021 година, беше објавено дека Џоли поднела тужба за укинување на привремената забрана за продажба на нивните заеднички средства со Пит. Поточно, актерката сакаше да го објави на продажба својот удел во винската компанија „Миравал Шато нувел“ (Miraval Chateau Nouvel) во Франција. Во септември, Пит ѝ дозволил на својата поранешна партнерка да го продаде својот удел, под услов тој лично да го одобри купувачот. Луѓето кои се запознаени со оваа работа велат дека еден месец подоцна, Пит бил шокиран кога дознал дека половина од винаријата била купена од подружница на „Групацијата Столи“ – компанија за алкохол контролирана од рускиот претприемач Јуриј Шефлер. Пит сега тврди дека Џоли не ја добила неговата согласност за договорот и намерно ги криела подробностите на зделката од него. Глумецот се жали и дека неговиот нов партнер донел хаос во раководството на винаријата, како што пишува порталот. Бред Пит бара судот да го поништи договорот. Тој има намера да бара и надомест за претрпената штета.

The post Бред Пит ја тужи Анџелина Џоли appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Предходни вести

EX-YU ЕСТРАДА

Актерката по која се трагаше пет дена пронајдена во безживотна состојба

Американската актерка Линдзи Перлман (43) беше пронајдена мртва во петокот во Лос Анџелес, неколку дена откако беше пријавено нејзиното исчезнување. Таа беше позната по нејзините улоги во телевизиските серии Чикаго Правда и Империја. – Денеска, околу 8:30 часот, полициски службеници во областа на Холивуд се одзваа на повикот за истрага за смртните случаи на авенијата Френклин и авенијата Северна Сиера Бонита. Судскиот совет во Лос Анџелес потврди дека се работи […]

today25/02/2022 2

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%