Чаирскиот романтичар го напушти Чаир, се пресели на југ
Популарниот македонски пејач Владо Јаневски, повеќе не живее во Скопје, пишува „Вечер“. На својата 63-годишна возраст Јаневски од романтичниот скопски Чаир за кој така пее во својот голем хит, се пресели во Гевгелија. За деталите многу не открива, останува мистериозен како и за многу други работи кои му се случуваа во животот и кариерата. Вели, кусо, дека сега е најсреќен, дека од Гевгелија нема поспокојно место за живот, а близината […]