EX-YU ЕСТРАДА

Аки Рахимовски денеска требало да дојде во Скопје?

today31/01/2022 28

Background
share close

Пејачот на „Парни ваљак“ Аки Рахимовски почина денеска на 66-годишна возраст. Веста е објавена на официјалната фејсбук страна на групата. – Малкумина пејачи на овие простори се толку посебни, препознатливи како што е Аки – јужната крв е неговото „гориво“ на секој концерт, е напишано на официјалната страница на „Парни ваљак“ во описот, кој најдобро говори за тоа кој беше Аки Рахимовски и зошто неговиот глас ќе го паметат генерации на љубители на рокот, објави Хина.

– Беше фасциниран со рок музиката и ја користеше секоја прилика да набави понекој винил од странство. Со 15 години беше уредник на Радио Скопје, со 16 веќе свиреше клавијатури во македонскиот бенд „Тор“, кој набргу останува без пејач. Тогаш судбината вмеша прсти и го турна пред микрофонот, се наведува во биографијата на страницата на бендот.

„Парни ваљак“ е основан во 1975 година, откако гитaристот и композиторот Хусеин Хасанефендиќ Хус го видел настапот на Аки. Во 30 годишната кариера на „Парни ваљак“ објавил 16 студиски албуми, 14 синглови, пет албуми во живо, четири компилации, две конценртни ДВД-а. Меѓу нив и еден од најпродаваните хрватски албуми на сите времиња и најпродавани албуми снимени во живо „Без струја – Live in SeKaeM“. Аки во 2007 година издаде соло албум „Во време на загубените“, а во 2008 година во Умаг одржа концерт со пријателите. Аки ги пееше најубавите љубовни песни, ќе кажат многумина, меѓу бројните песни со кој засекогаш ја одбележа својата интерпретација се „Љубавна“, „Неда“, „Проклета недеља“, „Лутка за бал“, „Као ти“, „Ухвати ритам“, „Угаси ме“, „Јесен у мени“, „Све још мирише на њу“, „Заставе“, „Загреб има исти позивни“, „Моја је песма лагана“, „Страница дневника“, „Пусти нек траје“… Рахимовски е роден на 5 јуни 1955 година во Ниш, но набрзо потоа неговото семејство се преселува во Скопје. Татко му бил професор и на седум години почнал да посетува музичко училиште, каде учел да свири клавир. Подоцна како тинејџер е дел од неколку рок и поп групи. Со групата „Парни ваљак“ сними десетици албуми и одржа низа концерти на просторите на поранешна Југославија. Последните години живееше во Ново место, каде и почина, откако изутринава му се слошило, а според информациите на дел од медиумите тој утрово планирал да дојде во земјава.

The post Аки Рахимовски денеска требало да дојде во Скопје? appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%