EX-YU ЕСТРАДА

Адвокатката на Есма Реџепова: Сè уште не платиле за нејзиното лекување, а бараат наследство

today13/01/2022 6

Background
share close

Кралицата на ромската песна Есма Реџепова почина во 2016 година. Пејачката што остави огромен белег како со својата песна, така и со својата хуманост во својот дом одгледа повеќе од 40 деца со својот сопруг Стево Теодосиевски. Единствената желба на Реџепова била тој дом да биде дом на солидарноста, своевиден музеј кој би можел да прерасне во туристичка атракција. Но, за жал, куќата, поради бројните семејните недоразбирања и неодржување се распаѓа.. Деновиве во јавноста се појави уште една „дамка“ од животот на Есма. Имено, адвокатката на семејството Реџепови и Теодосиевски, Весна Тренкоска за „Бекстејџ“ откри шокантни детали за тестаментот на Есма и нејзиното наследство, но и дека цели пет години по нејзината смрт останал неподмирен долг за лекувањето на Есма кон болницата „Аџибадем Систина“. Како што открила адвокатката зад камерите, станува збор за вртоглави 873.000 денари долг кој досега никој не го платил…

The post Адвокатката на Есма Реџепова: Сè уште не платиле за нејзиното лекување, а бараат наследство appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%