Естрада

Русинката Маша од Скопје ќе го осовојува светскиот музички пазар

today17/01/2022 12

Background
share close

Русинката Маша се појави на македонската сцена пред неколку години, а сега младата пејачка од Валенсија, Шпанија започнува да ги прави првите чекори по светскиот музички пат. Маша пред неколку месеци се запиша на реномираниот „Berklee College of Music“ за целосно да се посвети на својата најголема љубов – музиката. „Voices“ е насловот на нејзината најнова песна, но овојпат на англиски јазик. Токму Маша е текстописец на текстот, додека пак на музиката и аранжманот се потпишуваат Панче Касапски, Маша и Лазар Цветкоски.

Морам да кажам дека сум горда на ова што го направивме со тимот. Благодарна сум и на Панче, Лазе, Даниел, бидејќи го добив тоа што одамна го замислував во мојата глава. Се надевам дека песната ќе и се допадне на публиката, до мене веќе пристигнуваат доста позитивни критики. Ова е само мотив за мене да продолжам понатаму и дека сум на вистинскиот пат, вели младата Маша.

Маша за „Voices“ сними и видеоспот, а довербата и овојпат му ја даде на добро познатиот Даниел Јовески кој направи одлично ремек-дело. https://youtu.be/ZH_T2cBIthk

The post Русинката Маша од Скопје ќе го осовојува светскиот музички пазар appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%