Радио KISS FM – EX-YU Музика Радио KISS FM -Имаме нешто заедничко, сакаме добра музика!
По патот со облаците Yana Bolder
Петар Грашо со нова романтична балада KissFM
Новата песна на младата ѕвезда Антониа Гиговска и момците од „2Бона", Тони и Кун руши рекорди на слушаност во регионот. Нивната „Хиена" за само неколку дена на „јутјуб“ има повеќе од 330.000 прегледи. Позитивни коментари стигаат од фанови од сите соседни земји, но дури и од Русија и Австралија.
„Здраво од Русија. Продолжете да творите, браќа Балканци“, „Многу добра спојка сте тројцата, предобар спот, предобра песна“, „Антониа е симбиоза од светски потенцијал. Со ваков потенцијал не е фер светот да не те слушне“, „Пола песна не ја разбирам, но ова е совршено. Каква енергија во песна, каков вајб – поздрав од Хрватска“, се само дел многуте коментари.
Ниту Антониа, ниту Тони и Кун не го кријат нивното задоволство за соработката, а велат и дека не се изненадени од бројките и позитивните реакции.
Ме радуваат реакциите на публиката, секојдневно добивам пораки дека им се допаѓа, а истото се случува и кај Кун и Тони. Задоволни сме од целиот проект, Лазар си го направи своето, да бидам искрена јас очекував да биде прифатен целиот пакет, вели Гиговска.
Автор на музиката и аранжманот е познатиот продуцент Лазар Цветковски, додека текстот го потпишуваат момците од „2 Бона“ и познатиот рапер Тајзи. Како режисер на видеоспотот се потпишува младиот Томислав Живковиќ. https://youtu.be/hyq4X9g089I
The post Комплименти стигаат и од Русија и Австралија: Песната на Антониа Гиговска и „2 Бона“ руши рекорди appeared first on Република.
Written by: KissFM
ВЕБ РАЗВОЈ И ДИЗАЈН АЛЕКСАНДАР РИСТОВСКИ
Post comments (0)