Радио KISS FM – EX-YU Музика Радио KISS FM -Имаме нешто заедничко, сакаме добра музика!
По патот со облаците Yana Bolder
Петар Грашо со нова романтична балада KissFM
Отворањето на 22. издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“ ќе се случи в петок (05.11.2021) со концертот на Националниот ансамбл „Танец“ и Влатко Стефановски, со почеток во 20 часот во Салонот на Националната опера и балет. Билетите се во продажба на karti.com.mk и пред почетокот на концертот во Националната опера и балет. Концертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани.
ТАНЕЦ И ВЛАТКО
Концерт на „Есенски музички свечености 2021“
Националниот ансамбл Танец повеќе од седум децении ја остварува својата културна мисија на негување и презентирање на македонското фолклорно творештво во земјава и надвор од неа. Генерации и генерации играорци, пејачи, музичари, кореографи, со огромна љубов ги чуваат народните игри и песни, обичаи и носии и преку успешните рафинирани кореографски поставки го презентираат македонскиот бит пред светот. Танец е бренд каде и да настапи на земјината топка. Ја освојува публиката со својата професионалност и совршениот изведувачки израз, со кој автентично се афирмира сета убавина на нашето фолклорно наследство.
Влатко Стефановски е стар пријател на Танец, кој во текот на својата речиси петдецениска кариера многупати има настапено со ансамблот, и дома и надвор. Секогаш соработките со Танец ги истакнува како особено значајни и инспиративни за неговата музика, како за македонската музичка култура во целост. Но, иако македонските фолклорни мотиви, како и фрагментите од репертоарот на Танец се неизоставен дел од неговите изведви, Влатко, освен повремените еднократни настапи со Танец, никогаш досега не остварил целовечерен концерт со ансамблот. Конечно дојде и тој момент кога овие два бренда ќе ја делат сцената на голем концерт, за кој аранжманите на антологиските ора „Пелистерско“ , „Касапско оро“, „Ситна лиса“, „Поступано“, „Калајџиско“, „Пајдушко“ и незаборавните мелодии на „Елено, ќерко“, „Јано, мори, севдалино“, специјално ги напиша познатиот македонски композитор, аранжер и инструменталист, Дамир Имери. Оваа врвна фузија, од која излезе уникатно парче музика, заслужува и достојна концертна промоција која ќе се случи токму на овогодишната манифестација „Есенски музички свечености“.
Годинашното издание ќе понуди 13 програмски термини, најмногу од областа на класичната музика, но и две промоции на книги, кои се исто така поврзани со музиката. Директорот на Дирекцијата за култура и уметност во Скопје, Никола Георгиев на денешната прес-конференција и за годинава најави дела од македонски автори, но и простор за младите уметници кои допрва доаѓаат на сцената, а тоа е Младинскиот музички маратон. Според директорот, отворањето на „Есенските свечености“ со концертот „Танец“ и Влатко Стефановски претставува своевидна класика за нашата музика, за музиката на оваа поднебје, и верува дека дадената доверба ќе биде оправдана од страна на „Танец“ и на Влатко Стефановски. Георгиев денеска ги најави и останатите национални установи кои се дел од овој фестивал. Филхармонија годинава учествува со концертот „Убава Русија“. Диригентот е Конрад Ван Алфен од Холандија, а солист е Марија Солозобова – виолина од Русија/Швајцарија. Национална опера и балет, пак, ќе учествува со оперската претстава „Кармен“ од Жорж Бизе. Диригент е Оксана Мадараш од Украина, а режисер е Нина Најденова од Бугарија. Оваа година во рамки на „Есенските музички свечености“ се одбележува и јубилеј, односно 25 години посотење на „Света Злата Слави“ – женски камерен хор „Св. Злата Мегленска“. Диригент е Летка Димовска – Полизова, Влатко Стефановски – гитара, Сања Шуплевска – виолина, Васил Гарванлиев – вокал, Калина Велковска-Кали – вокал, камерен ансамбл „Поилифонија“ и Иван Еминовиќ – пијано.
Полека но сигурно годинава „Есенските музиччкои свечености“ се враќаат на своите стари патеки, и покрај тоа што кроната се уште трае, минатата година „Есенските свечености“ беа посветени исклучиво на домашните уметници. На тој начин покажавме и докажавме дека оваа наша земја располага со врвни уметници и талентирани изведувачи и автори. Она што годунава во рамки на фестивалот како меѓународно учество го вклучуваме во програмата, само треба да придонесе во збогатување на истата, рече Георгиев.
Генералниот директор на Национална опера и балет, Васо Ристов во рамки на фестивалот ја најави оперската претстава „Кармен“.
НОБ секогаш ги поддржува националните установи како и Дирекцијата за култура и Скопско лето на град скопје. Нашата соработка продолжува понатаму, и секогаш даваме поддршка за музичката култура во земјава, рече Ристов на денешната прес-конференција.
Македонската уметница Весна Ангелова Христов го најави својот концерт за во понеделник, 8 ноември, и посочи дека станува збор за камерен концерт во Музејот на македонската борба, и ги повика сите љубители на класичната музика да дојдат и да уживаат во музицирањето.
The post 22. издание на „Есенски музички свечености“ се отвора со концерт на Влатко Стефановски и „Танец“ appeared first on Република.
Written by: KissFM
ВЕБ РАЗВОЈ И ДИЗАЈН АЛЕКСАНДАР РИСТОВСКИ
Post comments (0)