Естрада

Повици за дискфалификација на Констракта поради масичките во форма на „Z“, за РТС тоа е злобно

today27/04/2022 20

Background
share close

Претставничката на Србија на Евровизија, Ана Ѓуриќ Констракта се најде на мета на критики од корисниците на социјалните мрежи поради масата во форма на буквата „Z“, која се поврзува со руската агресија врз Украина. РТС објави фотографии од Констракта на кои таа седи и ги мие рацете. Пред него има две маси во форма на буквата „Z“. Брзо се појавија коментари и прашања за тоа кој ги избра масите во форма на „Z“ среде руската агресија.

Morate da se lečite. Makar i na silu. https://t.co/zwCHd9nTD9

— Boyan the dog 🦁 (@boyandthedog) April 25, 2022

Српската радио-телевизија ги осуди „непримерните инсинуации на некои поединци на социјалните мрежи дека масата на фотографијата на српската претставничка на Евровизија, поради тоа што наликува на буквата „Z“, воедно „претставува поддршка за руската армија во војната во Украина“. „Одлучно негираме каква било слична намера и сметаме дека е злонамерно поврзувањето на нашиот претставник со актуелната политичка ситуација во светот. Масите на фотографијата се користат повеќе од три години за потребите на нашите емисии, а во овој случај се користени само за една фотосесија. Давање на некое ново значење во тој сценографски елемент е апсолутно бесмислено, а во некои случаи и злонамерно“, се вели во соопштението на РТС.

The post Повици за дискфалификација на Констракта поради масичките во форма на „Z“, за РТС тоа е злобно appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%