Радио KISS FM – EX-YU МузикаРадио KISS FM -Имаме нешто заедничко, сакаме добра музика!
play_arrow
По патот со облацитеYana Bolder
play_arrow
Петар Грашо со нова романтична баладаKissFM
Порака:
Филип Војо Стојановски - Свадба голема
Може нешто од Војо Стојановски?😁
Dedication
Поздрав од цело друштво од Црниче до радио KISS FM!
Dedication
Супер песни пуштате, продолжете само така!
Конечно, по подолго време една од нашите најголеми музички ѕвезди – Влатко Лозаноски – Лозано ја објави својата најнова песна.
„Послеполноќ“ е името на новата нумера и дефинитивно таа ќе биде пријатно изненадување за публиката.
Иако можеби повеќето очекуваа дека Лозано повторно ќе објави песна слична на претходната, тој и неговиот тим, продуцентите Лазар Цветкоски и Ена Цветкоска создадоа ремек-дело со светски звук.
“Презадоволен сум тоа како звучи песната, а се разбира и од тоа како изгледа видеоспотот. Сега останува само публиката да си го каже своето, јас сум сигурен дека ќе им се допадне – изјави накусо Лозано.
Како режисер на видеоспотот се потпишува познатиот Даниел Јовески со кого Влатко соработува веќе неколку години, додека пак за стајлингот и овојпат беше задолжен Андреј Ѓоргиевски – Папаз.
Инаку ова е само најава за она што допрва ќе следи од Лозано и неговиот тим. Тие веќе имаат подготвено неколку нови песни, а деновиве се работи и на сценариото за новиот видеоспот кој треба да почне да се снима многу скоро, а тоа значи уште една нова песна во блиска иднина…
Да не должиме многу, погледнете, слушнете и споделете доколку ви се допаѓа…
Конечно, после речиси три години, групата „Некст Тајм“ на 13 април (среда) ќе го објави својот најнов проект на кој работеа долго време. Станува збор за уште една преработка, односно песната „Кога падна на Пирина“ – посветена на славниот револуционер Јане Сандански. Промоцијата на новиот музчки проект ќе се одржи во среда, во кино „Миленум“ во Градскиот трговски центар со почеток во 20 часот. На промоцијата ќе присуствуваат голем број […]
Коментари за веста (0)