EX-YU ЕСТРАДА

Љубовта меѓу Силвана и Тома е целосно измислена, бев таму, ќе знаевме, тврди Лепа Лукиќ

today05/01/2022

Background
share close

Српската пејачка Лепа Лукиќ (81) вели дека е вистина она што го зборува сопругот на покојната Силвана Арменулиќ, Радмило, дека нејзината љубов кон Томa Здравковиќ во филмот „Тома“ е целосно измислена. Мегапопуларниот филм нуди поинаква приказна, но за Лукиќ тоа е само тоа – приказна.

Така е, љубовта е измислена! Знаете што, само знам дека ние на сцената не знаевме за таа љубов, а Бјелогрлиќ знаеше само за тоа. Не водеа љубов, Тома ми понуди и песна, сакав да ја земам песната, но Силвана доби покана за серија, и требаше да отпее песна, па на Тома му побара да и даде песна. Тој ми кажа дека Силвана му ja побарала, тој и ја дал и подоцна со таа песна стана Силвана Арменулиќ. А за водење љубов, тоа не е точно! Тоа би го знаеле ние на сцената, ама тоа никој не го знае. Како може да имало љубов, а ние тоа не го знаеме, а заедно патувавме!, изјави Лепа.

Лепа во филмот е претставена како уметник кој пие, пуши и пцуе, а истакнува дека никогаш не конзумирала цигари.

The post Љубовта меѓу Силвана и Тома е целосно измислена, бев таму, ќе знаевме, тврди Лепа Лукиќ appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Предходни вести

EX-YU ЕСТРАДА

„Ме блокираше на Инста, рече некој ѝ забранил да комуницира со мене“: Сергеј искрено за односот со Лила по аферата „Рекет“

По затворањето на ТВ21, каде една од најгледаните емисии на телевизијата беше токму неговата емисија, Сергеј Варошлија за кратко го снема од јавноста. Но, сега повторно е актуелен со нов проект на „јутјуб“ наречен Sergej Reinvented, каде продолжува со коментари и оцени во свој стил. Во последната епизода, тој открива и во какви односи е со водителката Лила Филиповска, со која беа доста блиски пријатели: Не знам во какви односи […]

today05/01/2022

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%