Радио KISS FM – EX-YU Музика Радио KISS FM -Имаме нешто заедничко, сакаме добра музика!
По патот со облаците Yana Bolder
Петар Грашо со нова романтична балада KissFM
Популарната пејачка Сара Jо вечерва учествува на втората полуфинална вечер на „Песни за Евровизија 2022“, а сега на социјалните мрежи се појави видео од пробата на кое се гледа дека Јовановиќ сериозно одлучилa годинава да ја претставува Србија во Торино. Пејачката веќе ја освои публиката со песната „Мушкарчина“, а за настапот избра предизвикувачки стајлинг и црна боја со сини детали. Но, важен е и сценскиот настап, па Сара се потрудила орото што го изведува во „круг“ на сцената да потсетува на кореографиите на светски познатите изведувачи.
— Kalabaster (@KalabasterJak) March 4, 2022
Пејачката носи провокативни чорапи кои ги истакнаа нејзините извајани нозе, а згоднioт задник се откри со причина. Инаку, според проценките на обложувалниците во Србија, Сара Јо има најголеми шанси да ја претставува Србија на Евровизија, што во мај ќе се одржи во италијанскиот град Торино. Шансите за нејзин триумф се 1,55. До неа е Зорја Пајиќ, со коефициент 2,20, потоа Аца Лукас со 3,00, потоа Анџелина со 5,00, Марија Микиќ со 8,00 и Тијана Дапчевиќ и Ана Станиќ со 10,00. Претходните години обложувалниците се занимаваа со ваков тип на обложување, а ретко се случуваше да пропуштат.
Written by: KissFM
ВЕБ РАЗВОЈ И ДИЗАЈН АЛЕКСАНДАР РИСТОВСКИ
Post comments (0)