EX-YU ЕСТРАДА

Три македонски песни во потесниот избор за наградата „Милан Младеновиќ“

today11/07/2022 13

Background
share close

Три песни од нашата држава се најдоа во потесниот избор за наградата „Милан Младеновиќ 2022“, откако беа преслушани 219 пријавени песни од целиот регион кои ги исполнија условите на натпреварот. Нашите песни се помеѓу 45 песни од регионот кои се најдоа во полуфиналето.
Како што информираат од „Кроација рекордс“, меѓу избраните песни се „Афродизија“ од Јовче Пандев, „Бегаме“ од Дани Димитровска и Пијан Славеј, како и „Дома“ на Дина Јашари, која и лани влезе во потесниот избор за наградата.
Жирито го сочинуваше Миле Кекин (Хрватска), Соња Лончар (Србија), Матјаж Манчек (Словенија), Едо Плованиќ (Хрватска) и Драгиша Ускоковиќ Чима (Србија). Тие сега имаат задача да изберат 12 финалисти, кои ќе бидат познати на почетокот на август и ќе бидат објавени на промотивна компилација во продукција на Задужбина Милан Младеновиќ.
Наградата Милан Младеновиќ е востановена во 2019 година со цел да се поттикне музичката креативност која се карактеризира со вредностите својствени на уметничкото наследство на Младеновиќ. Се доделува за најдобра песна од територијата на поранешна Југославија на церемонија на 21 септември, денот кога е роден некогашниот лидер на култниот состав „Екатарина Велика“.
Добитник на првата награда во 2019 година беше бендот Артан Лили со песната „Д.Е.П.Р.А“, втор лауреат е групата Драм во 2020 година со песната „Дај ми све“, а третонаградени со наградата „Милан Младеновиќ“ беа групата Ана & The Changes за песната „Ту“.
Добитниците на наградата ќе бидат наградени со статуетка на Фондацијата и парична награда од 3 000 евра. Посебен подарок ќе добие и најиновативниот тапанар – тапан „Fircie Drums“. (МИА)

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%