ВИДЕО: Пепа Димитрова промовираше нова песна и нов спот

today28/12/2021 7

share close

Пепа Димитрова промовираше нова песна и нов спот. На својот YouTube канал, денес, точно на пладне се појави видео записот за песната „Со тебе немам сон”. Музиката и текстот се на Весна Малинова, аранжманот на Владимир Дојчиновски Дојчин. Спотот го потпишува Зоран Стојановски Зонде.

-Се работи за модерна песна, со побрз ритам, а спотот ја следи песната. Се одлучивме за поартистичен видео пристап и мислам дека ќе ја освои публикатата. Посебно ме радува што промоцијата се случува пред Новогодишните и Божикните празници бидејќи тоа е период во кој сите ние повеќе одмараме, се дружиме, си даваме себеси повеќе слободно време за уживање, а тоа секогаш е придружено од добра музика.

Се надевам дека изборот на слушателите ќе биде македонска музика и би била среќна доколку „Со тебе немам сон”, се најде на нечија омилена плејлиста, изјави Пепа Димитрова. Песната „Со тебе немам сон”, како и претходните две, „Длабоко” и „Студени очи”, ќе бидат дел од првиот албум на оваа македонска пејачка.

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%